Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Капитални инвестиции на Општина Прилеп во средните училишта

Освен во основните, во последните 12 години Општина Прилеп во соработка со претходната Влада, МОН, амбасадите, невладини организации од странство и Македонија, приватни донатори и други лица има направено огромен број на капитални и историски инвестиции и во средните училишта.


1. СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ инвестирани се околу 50 милиони денари и реализирани се следниве поголеми проекти:


- Нова спортска сала во вредност од 24 милиони денари.

- Целосна реконструкција на училишниот објект - нов кров, термо фасада, промена на внатрешната и надворешната столарија, нов скалишен простор, реконструкција на санитарните јазли, набавка на фитнес опрема, нови парни котли, нова котлара во стариот објект за потребите на спортската сала и партерно уредување на училишниот двор.


2. СОУ „Ѓорче Петров“ инвестирани се околу 51 милион денари и реализирани се следниве поголеми проекти:


- Нова спортска сала во вредност од 24 милиони денари.

- Ново централно греење, промена на надворешна и внатрешна столаријата, партерно уредување на училишниот двор, изградба на нов влез во училишниот објект, санација на дел од санитариите, отворање на реална компанија – за практична настава од шумарско-дрвопреработувачката струка и уредување на центар за практична настава.


3. СОУ „Орде Чопела“ инвестирани се околу 29 милиони денари и реализирани се следниве поголеми проекти:


- Целосна промена на надворешната и внатрешната столарија, санација на санитарни јазли, целосна реконструкција на спортската сала, целосна реконструкција на хемиската лабораторија, отворање на нова ветеринарна амбуланта, отворање на реална компанија - пекара, нов асфалт на спортското игралиште и партерно уредување на училишниот двор.


4. СОУ „Ристе Ристески Ричко“ инвестирани се околу 68 милиони денари и реализирани се следниве поголеми проекти:

- Нова спортска сала со трибини во вредност од 40 милиони денари.

- Комплетна промена на надворешната столарија, санација на подови на дел од училниците, нови парни котли и отворање на реална компанија - автомеханичарска работилница.


5. СОУ Гимназија „Мирче Ацев" инвестирани се околу 28 милиони денари и реализирани се следниве поголеми проекти:

- Промена на дел од надворешната столарија, промена на подовите во училниците, санација на санитарните јазли, санација на централното греење.

- Целосна реконструкција на спортската сала, изградба на ново повеќенаменско игралиште, изградба на ново тениско игралиште и комплетно заградување на училишниот двор.

Во изминативе 12 години во сите училишта и основни и средни се реализираа големи и капитални проекти како што се комплетна набавка на нови клупи и столчиња, проект компјутер за секое дете и набавка на бесплатни учебници за сите ученици.

Исто така во средните училиште во изминативе 12 години се отворија нови 16 образовни профили и тоа :

- Во СОУ „Орде Чопела“ : ветеринарен техничар, техничар за очна оптика, геодетски техничар, техничар за агроменаџмент, техничар нутриционист и геодетски техничар.

- Во СОУ „Ѓорче Петров“ : фармацевтски лабораториски техничар и физиотерапевтски техничар.

- Во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ : банкарски техничар, деловен секретар и правен техничар

- Во СОУ „Ристе Ристески Ричко“ : спортска гимназија, техничар за транспорт и шпедиција, техничар за патен сообраќај, графички техничар

- И спортската академија за фудбал во СОУ Гимназијата „Мирче Ацев“.


Во изминативе 12 години оваа Локална Самоуправа реализираше голем број на капитални проекти во сите училишта, но нема да застанеме тука и понатаму планираме да продолжиме со инвестирање по 1 милион евра годишно во образованието, се со цел во иднина да добиеме комплетно современи училишни објекти.


Дел од позначајните и поголеми проекти кои ги планираме за во иднина се :

- Нови термо фасади за сите училишни објекти.

- Изградба на уште три спортски сали во ООУ „Кочо Рацин“, ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ и ООУ „Блаже Конески“.

- Изградба на повеќенаменски игралиша во ООУ „Кирил и Методиј“ с. Кантларци и ООУ „Рампо Левката“.

- Нови системи за централно греење во училишните објекти во Мало Коњари, Големо Коњари, Тополчани и Старо Лагово.

- Целосно препокривање на училиштето во Канатларци и нови санитарни јазли во подрачното училиште во Бонче.

- Целосна санација на санитарните јазли во ООУ „Гоце Делчев“.

- Санација на игралиштето во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“.

- Целосна реконструкција на подрачното училиште на ООУ „Добре Јованоски“.

- Нови парни котли и санација на централното греење во ООУ „Рампо Левката“.

- Партерно уредување на училишниот двор во подрачното училиште на ООУ „Климент Охридски“ во Мажучиште.

- Промена на останатиот дел на надворешната столарија и нов кров во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“.

- Адаптација на старата котлара во СОУ „Ристе Ристерски Ричко“ за нови работилници за практична настава и целосно оградување на училишниот двор, како и промена на дел од подовите и санација на санитарните јазли.

- Оградување и партерно уредување на училишниот двор во СОУ „Ѓорче Петров“ и целосна санација на санитарните јазли.

- Партерно уредување на училишниот двор во СОУ „Орде Чопела“.

- Целосна реконструкција на стариот објект до СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“.

- Набавка на нагледни средства за сите училишта а посебно за практична настава, како и нови спортски реквизити.

- Отворање на детска градинка во училишниот објект во Мало Коњари
и училиштето во Кадино Село.

 

Последни Новости