Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Интензивно се гради новото училиште во населбата Сточен пазар во Прилеп

 Со несмалено темпо се одвиваат градежните работи за изградба на основното училиште „Рампо Левката“ во населбата Сточен пазар во Прилеп. Инвестицијата е обезбедена со пари од буџетот на локалната самоуправа и таа изнесува околу 10 милиони денари. Училиштето ќе биде со капацитет за околу 170 деца и во него ќе учат учениците до 5 одделение од населбите Сточен пазар и Жабино Маало.

„По барање на жителите од населбите Сточен пазар и Жабино Маало, кое тие го упатија до нас пред повеќе години, се гради ова училиште. Претходно како локална самоуправа пристапивме на промена на Генералниот урбанистички план, Деталниот урбанистички план, се направи проект, се распиша тендер, се избра фирма и веќе се работи на изградба на ова училиште. Инвестицијата заедно со внатрешното опремување ќе изнесува околу 10 милиони денари, кои што се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа. Тоа ќе биде подрачно училиште на централното училиште „Рампо Левката“ и планираме изградбата да биде завршена до крајот на оваа година“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Предвидено било во училиштето да има 5 паралелки, значи по една паралелка за секое одделение.

„Градбата на училиштето се интензивира и се надеваме дека до крајот на оваа година, односно со почетокот на второто полугодие од учебната 2017/2018 година тука да има ново училиште за децата од овие населби. Со тоа тие нема да користат превоз до другите училишта во градот, туку ќе си учат во нивната населба. Инаку уште во 2005 година оваа локална самоуправа за учениците од населбите Сточен Пазар и Жабино Маало обезбеди бесплатен превоз со автобуси за учениците. Учениците од Сточен пазар учат во ООУ „Рампо Левката“, а додека учениците од Жабино Маало сега учат во ООУ „Климент Охридски“, истакна Марјан Матракоски, советник за образование во Општина Прилеп.

И локалната самоуправа и жителите на овие населби се надеваат дека со почетокот на идната година на ова место веќе ќе се слуша детскиот џагор.

Последни Новости