Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

И покрај дождот Прилеп максимално подготвен за финалето од Пиво фест 2017

И покрај дождот и непогодните временски услови кои моментално ги има во Прилеп, градот под Марковите кули е максимално подготвен за спектакуларната завршница на 15-тото јубилејно издание на Пиво фест кога треба да настапат Димитар Андоновски со Тајфата, Џамбо Агушеви оркестар и балканската мега ѕвезда Северина, која по втор пат гостува на овој Фестивал.

Општина Прилеп остро ги демантира тенденциозните објави на дел од социјалните мрежи, каде одредени личности, поради засега непознати причини, објавуваат слики од ланските поплави кои се случија за време на Пиво фест и кои траеја само неколку часа. Зошто се шират вакви лаги и од кого се нарачани засега знаат само тие кои ги објавиле.

Моментално во Прилеп иако има дожд нема никакви поплави. Според инфомациите кои ги добiвме од УХМР интензитетот на дождот треба да намали, а подоцна се очекува и негово комплетно престанување.

Инаку во изминативе 3 дена Прилеп по 15-ти пат докажа дека е центарот на забавата во Македонија и дека со право го носи епитетот за најфестивалски град на Балканот.

Многу ладно пиво, највкусната скара на Балканот и неповторливо дожививање, вака накратко може да се опише она што се случуваше во изминативе денови за време на овој спектакл.

Деновиве сите патишта од цела Македонија водеа кон Прилеп, а така ќе биде и оваа вечер. Организаторите ветуваат уште едно несекојдневно доживување и одлична забава за публиката.
 

Последни Новости