Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Градоначалникот Ристески ги прими членовите на џудо клубот Сеишин

 По повод балканското првенство во џудо за сениори кое минатиот викенд се одржа во Скопје градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, денеска ги прими членовите на џудо клубот Сеишин. Меѓу нив беше и Александра Најдоска која на ова првенство го освои третото место.

„Македонија и џудо федерацијата на нашата држава беа домаќини на ова првенство. Јас го освоив трето место. Во полуфиналето изгубив од репрезентативката од Црна Гора, а прва беше Турција“, истакна Александра Најдоска, член на џудо клубопт „Сеишин“.

Остварениот резултат на Александра Најдоска во сениорска конкуренција на Балканско ниво е еден од поголемите резултати на клубот Сеишин. Стручниот штаб на џудо клубот е задоволен со остварениот пласман и во идниот период се надева на уште поголеми резултати на Меѓународно ниво.

„Со џудо клубот Сеишин имаме одлична соработка досега. Им честитам за сите успеси кои ги имаат направено досега, а особено честитка за Александра Најдоска која последно освои бронзен медал на балканското првенство во џудо за сениори. Им посакувам во иднина да имаат уште поголеми успеси и да не презенираат уште повеќе како град и како држава насекаде во светот. Џудото е еден од најтрофејните спортови во Прилеп и затоа секогаш тие од локалната самоуправа добиваат максимална поддршка“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

На средбата се разговараше и за меѓународниот натпревар во џудо кој треба да се одржи во Прилеп на 8 октомври.

„Имаме моментално пријави од 10 земји, до 20-ти овој месец треба да добиеме потврди и од други држави, меѓу кои ќе имаме гости со светски и олимписки титули. Што значи дека во Прилеп ќе имаме голема промоција на џудото. Овој натпревар секогаш се одржува како дел од прославата за големиот национален празник „11 Октомври. Во оваа прилика ги поканувам сите да дојдат во салата во ООУ „Добре Јованоски“ и да го проследат овој настан“, истакна Киро Здравески, претседател на иницијативниот одбор на ветерани на џудо во Македонија.

 

Последни Новости