Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Градоначалникот Јованоски со владини претставници извршија увид во изградбата на опожарените конаци на Трескавец

 Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за внатрешнии работи Оливер Спасовски, прилепските пратеници, Хари Локвенец и Кети Смилеска, претседателот на Советот Миле Талевски и советници денеска го посетија манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ - Трескавец за да на лице место се информираат до каде се градежните активности околу обновата на опожарените конаци.

Монахот Калист, кој живее во манастирот, ги запозна со богатата историја на ова наше значајно културно наследство и споменик на културата заштитен со закон.

Градоначалникот Јованоски и министрите ветија максимална заложба за побрзо финиширање на градежните работи и враќање на стариот сјај на манастирот.

Исто така беше истакнато дека ќе се даде и поддршка за што е можно побрзо реализирање на проектот за заштита и конзервација на црквата, старата трпезарија и магерницата, кои што се во многу лоша состојба, особено фрескоживописот што датира од 14 век.

Во текот на историјата манастирот е опожаруван неколку пати. Последен пат конаците изгореа на 4 февруари 2013 година.

Последни Новости