Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Градоначалникот Јованоски ја поддржа акцијата на „Лајонс“ клубот за бесплатно мерење на шеќер во крвта

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски по повод Светскиот ден на дијабетесот го посети пунктот за бесплатно мерење на шеќер во крвта во центарот на Прилеп, во организација на „Лајонс“ клубот.

„Голема благодарност до организаторите по повод огранизацијата на оваа хуманитарна акција. Соработката со ‘Лајонс’ клубот од нашиот град продолжува и во иднина“, најави градоначалникот Јованоски.

Од „Лајонс“ клубот истакнаа дека акцијата по повод Светскиот ден на дијабетесот ќе продолжи и вечерва со предавање на тема : „Боите на храната“.

„Во рамките на денешното одбележување на Светскиот ден на дијабетесот со почеток во 18 часот во клубот „Таверна“ за сите граѓани на нашата општина ќе се одржи предавање од областа на нутриционизмот на тема ‘Боите на храната’, со цел да се истакне важноста на исхраната во лечењето и превенцијата на современите болести вклучувајќи го и дијабетесот„ изјави Весна Пацаноска, член на„ Лајонс“ клубот.

„Лајонс“ клубот од Прилеп е дел од зона центрите каде покрај Крушево, Кавадарци и Кичево координирано се одбележува 14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот.
 

Последни Новости