Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Градоначалникот Јованоски го одржа вториот „Граѓански парламент“

 Градоначалникот Илија Јованоски денеска оствари средба со претставници на граѓански организации, здруженија, занаетчии, таксисти, дуканџии, бранители ... со учесниците во Граѓанскиот парламент. Граѓаните посочија на бројни проблеми, презентираа свои идеи, со кои што од една ќе учествуваат во креаирање на политиките на локалната самоуправа, а од друга страна ќе го поедностават животот и функционирањето на градот
„Денеска по втор пат се среќаваме со граѓаните во форма на „Граѓански парламент“ којшто го формиравме по моето назначување на функцијата градоначалник на Општина Прилеп. Цел на Граѓанскиот парламент е да ги кажеме сите своите заложби, идеи и проблеми. Секој да има можност да го оствари своето право да побара непосредно од градоначалникот на Општина Прилеп да ги реши неговите проблеми“, посочи градоначалникот Јованoски.
Дел претставници на прилепските дуќанџии најавија дека наскоро писмено со дефинирани барања ќе побараат средба со градоначалникот Јованоски. Дел здруженија побараа финансирање на одредени нивни активности. За други пак би се олеснило функционирањето на нивните здруженија доколку имаат логистичка поддршка. Особено радува фактот што меѓу присутните беа здруженија на граѓани со посебни потреби, на здруженија на љубители на спортот ...
„Следната наша средба ќе биде со до некаде конкретни активности и мерки. Сѐ што е во рамките на моите можности и ингеренции и во рамките на ингеренциите на локалната самоуправа, со тимовите со кои што работам ќе направиме вашите потреби да бидат реализирани. Сите ваши барања што во моментов се само ставени на хартија, ќе вложиме напори колку што е можно поскоро во законски рамки да бидат остварени“, потенцираше градоначалникот Јованоски, заблагодарувајќи им се на присутните за нивното активно учество, што значи граѓанско партиципирање во дефинирање и креирање на приоритетите на локалната власт во одредени сфери.

 

Последни Новости