Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Денеска се празнува Свети Атанасиј Велики

 Градоначалникот Марјан Ристески по повод празникот Свети Атанасиј Велики, денеска ги поздрави домаќините, мештаните и сите присутни гости во манстирот „Св Атанасиј“ во населеното место Лениште.

„Денеска на сите православни христијани да им го честитам денешниот празник „Св Атанасиј“, на Вас жителите од с. Лениште и на сите верници, Ви посакувам многу здравје, радост, среќа и бериќет во секој дом, а на оние кои што го носат името на „Св Атанасиј“ да им го честитам именденот“, посочи градоначалникот Марјан Ристески.

Домаќините на празникот посакаа многу здравје и среќа во секој дом.

„Задоволни сме што имавме многу гости, тој ни е заштитник на село Лениште и нека ни е за многу години овој празник“, посочија домаќините.

Свети Атанасиј се родил во Александрија. Во младоста стекнал солидно образование. Уште како млад, неговата ревност ја забележал архиепископот Александар, па кога потпораснал го земал за свој личен секретар. Крајот на животот сепак го помина во својата црква во Александрија. Се упокоил во 373 година.

Последни Новости