Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Чествување на св. Климент Охридски во пресрет на утрешниот празник

Со положување на свежо цвеќе пред споменикот на „Методија Андонов Ченто“ и на Могилата на непобедените, делегација на Совет на Општина Прилеп предводена од Претседателот на Совет Миле Талески и делегација од наставници и ученици заедно со Зоран Сребреноски, директор на ООУ „Климент Охридски“ започна денешното чествување на утрешниот празник како и 55 – годишниот јубилеј.

Претседателот на Совет Миле Талески го честита празникот, посочувајќи дека празникот „Св. Климент Охридски“ треба да ни биде мотив за да го развиваме образованието во Прилеп и во Република Македонија.

„Од мое лично име, од името на Општина Прилеп, Советот на Општина Прилеп сакам да го честитам празникот Св. Климент Охидски, посочувајќи дека името на Св. Климент треба да ни биде патоказ за тоа како да го развиваме образованието во Прилеп и РМ, да ги следиме трендовите на високото образование“, посочи Талески.

„Големо е значењето на Св. Климент Охидски, знаеме дека бил прв словенски епископ на територијата на Македонија, покрај тоа што бил свештеник бил и учител. Го основал првиот словенски универзитет, ги подучувал своите ученици да ги пишуваа буквите, го објаснувал нивното значење и сметаме дека како просветни работници ќе го продолжиме неговото дело, посочи Каролина Јовеска професор по историја

По повод чествувањето на св. Климент Охридски, вечерва од 18.30 часот во театарот „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи свечена академија, на која ќе присуствува и градоначалникот Илија Јованоски.

Последни Новости