На Славјанскиот Универзитет во Битола се организира шаховски турнир „Державин“

Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романовиќ Державин“ од Битола го организира вториот дводневен аматерски шаховски турнир „Державин“. Турнирот ќе се одржи на 22 и 23 декември во големата конференциска сала на Универзитетот со почеток во 11:00 часот.

Од Универзитетот истакнуваат дека на турнирот може да учествуваат членови на шаховски клубови, но исто така и аматери од 15 до 27 годишна возраст. Крајниот рок за пријавување е до 15 декември 2017 г., а учесниците треба да платат и котизација од 200 денари за двата дена. Во котизацијата се вклучени закуски и пијалоци.

За најдобрите тројца шахисти се предвидени награди. За прво место, лаптоп плус „Златна плакета“, за таблет и „Сребрена плакета“ а за трето место шаховски сет плус „Бронзена плакета“. Специјални награди се предвидени и за најдобрата шахистка и за најперспективниот млад шахист до 18 години.