Кристијан Пиличев е новиот директор на домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“

Дипломираниот економист, Кристијан Пиличев е новиот вршител на должност директор на домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ од Прилеп, којшто доаѓа на местото на Ирена Стерјовска – Локвенец. Градоначалникот Илија Јованоски во рамките на своите надлежности денеска (15.12.2017г) со решение го назначи Пиличев на оваа функција.

Кадровската смена во домот за стари лица се должи на исклучително лошите услови во оваа институција, во која што грижата за штитениците е на најниско ниво.