Концерт со избрана класична музика со новогодишен предзнак

Свечен новогодишен концерт на класична музика се одржа синоќа во големата сала на центарот за култура „Марко Цепенков“, како дел од новогодишната богата понуда во организација на Општина Прилеп.

Дела од великаните на класичната музика: Хендл, Персел, Алдровандини, Офенбах, Шуберт беа изведени од академските музичари: Гоце Секулоски – труба, Денис Најдоски – пијано, Ана Митоска Стојаноска – сопран, Катерина Попоска – мецосопран, Христина Никоска – пијано,  Андријана Дукоска – виолончело,  Ангелка Поповска – флејта, Софија Никоска – виолина и Катерина Попоска – мецосопран.

Љубителите на класичната музика, уживаа во избраните дела и изведби.

 

Видете и...

Градоначалникот Јованоски на сите православни христијани им го честита празникот Богојавление – Водици

Со желби за многу здравје, љубов и среќа, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, на …