ЈП „Водовод и канализација“ ќе ги скенира проблемите со водоснабдувањето во с. Канатларци

Во понеделник во 13 часот во с. Канатларци, екипи на ЈП „Водовод и канализација“ и директорот Емил Јанески ќе разговараат со жителите, со цел да се решат проблемите со недостигот на вода во селото.

„Целта е водоводот да се заштити од мрзнење и да се санираат дефекти по текот на водоводната мрежа. Нашите настојувања се да се намалат или целосно да се спречат загубите на вода. Паралелно ќе ги разгледаме и можностите за решавање на проблемот со водоснабдување“, најавува директорот Јанески.