Јавните чешми кај „ЧЕ“ и во селата Лениште и Плетвар се со неисправна вода за пиење

Од Центарот за јавно здравје, од одделот за хигиена информираат дека водата од јавните чешми (сред село) во Лениште, Плетвар и патната чешма кај ресторанот „ЧЕ“ на Плетвар, не е исправна и не смее да се користи за пиење.

Според препораките на медицинските стручњаци од одделот за хигиена, пред употреба оваа вода задолжително треба да се преврива 10 минути.

Инаку, овие чешми се во надлежност на Општина Прилеп, (не на ЈП „Водовод и канализација“-Прилеп), затоа Општината ги известува месните заедници на овие населени места да ги информираат жителите, за да ги следат препораките на Центарот за јавно здравје.

Видете и...

Градоначалникот Јованоски на сите православни христијани им го честита празникот Богојавление – Водици

Со желби за многу здравје, љубов и среќа, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, на …