Избрани наградените ученици од конкурсот „Хуманоста – темел во меѓучовечките односи“

Ерика Јованоска од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ ја доби првата награда за напишан расказ на конкурсот што го распиша Општина Прилеп, во соработка со основните училишта, по повод патрониот празник на градот, а чија тема беше „Хуманоста – темел во меѓучовечките односи“. Второто место го поделија учениците Иван Танески и Борис Ночески од ООУ „Кочо Рацин“ и „Кире Гаврилоски-Јане“, а третото место ѝ припадна на ученичката Матеа Стојаноска од ООУ „Рампо Левката“.

Наградените творби ги селектираше Комисија составена од 5 члена и тоа : м-р по филолошки науки во областа на македонскиот јазик, Јулијана Талеска од ООУ „Климент Охридски“, дипломираниот филолог по македонски јазик, Сузана Николоска од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“, Наташа Кулеска од ООУ „Кочо Рацин“, дипломиран професор по македонски јазик и двете членки од Општина Прилеп, Снежана Ристеска, советник за култура и Марија Ташкоска, соработник – кореспондент.

„Најпрво би сакала да ја поздравам идејата на локалната самоуправа од Прилеп учениците повеќе да творат и да се изразуваат на дадена тема по повод патрониот празник на нашиот град „Свети Никола“. Конкурсот предизвика голем интерес кај учениците. Беа пријавени ученици од сите централни и подрачни основни училишта што се наоѓаат на територијата на општина Прилеп. На конкурсот пристигнаа добри творби, жири комисијата имаше навистина тешка задача да ги определи најдобрите“, истакна Сузана Николоска дипл. филолог по македонски јазик од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“.

Сите ученици ќе добијат книги, дипломи и парични награди. За првата награда предвидени се 3.000 денари, за втората 2.000 денари и трета награда ќе добие 1.000 денари, средства кои ќе се издвојат од буџетот на Општина Прилеп, наменет за развој на образованието.

Наградите на учениците ќе им ги врачи градоначалникот Илија Јованоски, на празникот „Свети Никола“ во 13.15 ч во својот кабинет во Општина Прилеп, а освен учениците пофалници ќе добијат и нивните ментори.

Овој конкурс е во состав на многуте активностите, што се реализираат како дел од одбележувањето на патрониот празник на нашиот град. Во недела во 13 часот, градоначалникот Јованоски, заедно со годинешниот кум на градската слава хотелот „Салида“ (сопствениците), ќе ги посетат прилепските домаќинки што ги подготвуваат малите посни сарми, во манастирот Свети Димитрија, во селото Селце, а што ќе им бидат послужени на граѓаните на светиниколската трпеза во центарот на градот.

Видете и...

Градоначалникот Јованоски на сите православни христијани им го честита празникот Богојавление – Водици

Со желби за многу здравје, љубов и среќа, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, на …