Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Водостопанство

Регионот на Општина Прилеп поседува релативно слаби водни ресурси. Затоа водоснабдувањето со вода за пиење се врши од хидросистемот Студенчица чие извориште се наоѓа надвор од Општина Прилеп.

Најголема акумулација претставува Вештачкото езеро која што првенствено служи за наводнување на земјоделски површини. Ова езеро претставува и значајно туристичко место бидејќи е порибено и извонредна прилика за риболов и рекреација.

Поважни водни ресурси претставуваат т.н. мали акумулации како што се: Волково 1, Волково 2 и Плетвар. Порибени се и се користат за наводнување а и за спортски риболов.

Повеќето реки кои што течат низ Општина Прилеп се суводолици односно повремено се појавуваат. Реки кои што течат низ Општина Прилеп се: Оревоечка, Дабничка, Селечка и Сува Река.

 

Водоснабдување во Прилеп

Снабдувањето со вода за пиење во Прилеп, е обврска на ЈП „Комуналец“. Пред изградбата на системот „Студенчица“, Прилеп често се соочувал со недостатоци на вода. Ова било особено истакнато во раните 90-ти години. Како резултат на ова, многу од клучните индустрии изградиле свои сопствени ресурси, воглавно бунари. Овие додатни извори на вода мораат да се земат во предвид за да се одреди волуменот на отпадните води. Димензионирањето на пречистителната станица понатаму се комплицира со приклучување кон системот за канализација. Се проценува дека:

  • Околу 70% од домаќинствата се приклучени;
  • Многу од индустриските потрошувачи, вклучувајќи и оние со свои сопствени ресурси, исто така не се приклучени.

 

Табела за потрошувачка и производство на вода за снабдителното подрачје на ЈП Комуналец (милиони м3)

  Домашно Индустриja Училиштa Општина Вкупно Потр. Вкупно Произв.
1994 3.024 1.547 58 74 4.730 9.589
1995 2.953 1.586 69 75 4.682 10.288
1996 3.004 1.607 80 77 4.782 8.946
1997 3.157 1.488 107 79 4.831 10.855

 

Сопствени извори

Како додадок на горе наведената потрошувачка на вода неколку клучни индустрии во Прилеп имаат свои ресурси, и тоа:

 

- Фабрика за текстил - „БИЛЈАНА“

Организацијата има два бунари од кои сега се користи само едниот. Бунарот има капацитет од 8 л/сек и работи преку целиот ден за да ги задоволи потребите на производството, воглавно изработка на памучна волна. Производството не се остварува во недела или за државен празник. Ова укажува дека годишното производство е околу 200000 м3.

- Прилепска Пиварница АД

Прилепска пиварница ад е фабрика за пиво и за безахохолни пијалоци. Фабриката има пет бунари, а планира да изгради уште два. Организацијата проценува дека годишната потрошувачка е околу 3 мил.м3.

- Мермерен Комбинат

Мермерниот комбинат има еден бунар со капацитет од 6 л/сек. Произведената вода се употребува во процесот на изработка и се рециклира. Мал дел од водата се испушта. Затоа, во врска со сегашната анализа оваа побарувачка може да се игнорира.

- Тутунски Комбинат

Потребите од сирова вода на оваа фабрика се задоволени од “Вештачкото Езеро” и не се употребува дистрибуциониот систем на водоводната организација. Оваа вода воглавно се употребува за градинарски работи и чистење во трите фабрики на Тутускиот комбинат. Мал дел од оваа вода се враќа во канализациониот систем.

Вкупната побарувачка за вода во Прилеп, без побарувачката на фабриката за мермер и Тутунскиот комбинат се проценува да биде околу 14 мил.м3. Водата директно снабдена од ЈП Комуналец е прикажана да биде 10.8 мил.м3. Треба да се забележи дека голем дел од додатно потрошената вода се употребува во индустриските процеси и затоа не влегува во канализациониот систем.

 

Побарувачка на вода од домаќинствата

Домашната побарувачка сочинува околу две третини од вкупната побарувачка на Прилеп, и пораснала во просек за околу 1.4% годишно од 1994 година. Вкупниот број на домашни потрошувачи во 1997 бил 20,932, што значи просечна дневна потрошувачка од околу 410 литри по домаќинство. Вкупното населеление на Прилеп, опслужено од ЈП „Комуналец” се проценува, од општински извори, да биде околу 71,2000 со просечна големина на семејство од 3.4. Просечната потрошувачка по жител е околу 120 литри на ден.

 

Бројност на население

Бројот на населението во Прилеп, се предвидува да се зголеми согласно со историските стапки на раст од 1.7% годишно,со тоа што бројот на населението ќе се зголеми од околу 70.000 до преку 100.000 до 2020 година. Бројот на потрошувачите се предвидува да се зголеми од сегашните 20.900 приклучоци до околу 32.200 до 2020 година.

Водостопанство