Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Тутунопроизводство

Во доменот на земјоделското производство, а уште повеќе како индустриска култура, тутунот завзема мошне значајно место не само во стопанството во Општина Прилеп туку и во Република Македонија. Со оваа индустриска култура се ползува на релативно голема слабо продуктивна површина од обработливата почва. Ваквите површини во ова подрачје се мошне застапени, а освен тоа тутунот се наметнува како најважен извор на доход, затоа што овозможува вклучување во производниот процес и онаа работна сила која не е можно да биде вклучена во производството од другите области од стопанството, што на тутунот му дава посебно место и значење. Исто така, голем број од населението покрај со основната дејност или работа се занимава и со производството на тутун, за да го зголеми својот мал семеен буџет и да ја обезбеди својата егзистенција. Поголем дел од населението што се занимава со земјоделие, покрај со производство на други култури, се занимава и со одледување на тутун.

Не е можно да се одреди точниот датум кога тутунот е пренесен во границите на територијата на Р. Македонија. Според извесни извори, тутунот бил донесен пред повеќе од 400 години, но точно се знае дека во 1873 година бил изграден првиот магацин за тутун во Прилеп, од страна на Отоманската управа на монополот.

inst1.jpg

Првиот магацин за тутун изграден во Прилеп во 1873 година.

 

Тој ден го означи раѓањето на тутунската индустрија кај нас и формирањето на Тутунскиот комбинат како најголем гигант на бившите југословенски простори. Со изградбата на овој магацин е овозможено тутунот брзо да се шири и да ги заменува другите земјоделски култури и реонот да израсне во најголем центар за производство на ориенталски тутун на овој дел на Балканот. Производството на тутун забележало силен подем за време на Младотурската револуција (1908-1912) и претставувало најјака гранка на прилепското земјоделие. По завршувањето на I-вата Светкска војна на подрачјето на Македонија и Србија била затекната несредена состојба во однос на сортната состоја на тутунот, бидејќи постоеле голем број на семиња од различни сорти. Согледувајќи ја потребата за подобрување на квалитетот на производството на тутун, тогашната Управа за државни монополи донесува одлука за основање на Опитна станица за тутун во Прилеп. Оваа одлука се реализирала на 24.12.1924 година во Прилеп - градот за тутунот, за што најголем придонес има познатиот експерт за тутун и научен работник инж. Рудолф Горник.

Основањето на Опитната станица за тутун во 1924 год. го означи раѓањето и развојот на младата тутунска наука во овој дел на Балканот, а веќе во 1936 год. таа прераснува во Институт за тутун. Согласно законот за научно-истражувачка дејност, Институтот за тутун од 1996 год. својата научно-истражувачка дејност во областа на тутунопроизводството ја врши како Јавна научна установа, а од 1979 год. е членка на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола.

inst2.jpg 

Институт за тутун - Прилеп

 

Основна задача на Институтот е да ги унапредува производството, индустриската обработка и економиката на тутунот. Институтот за тутун е единствено овластен за обезбедување на тутунски семе од определени сорти и типови тутун за одделни региони во РМ. Како резултат од научноистражувачката работа на Институтот за тутун креирани се 18 сорти за одделни тутунски региони и за потребите на тутунската индустрија

 
Реколта
Производство на тутун во kg
ha
kg/ha
1996
3.017.986
2.320
1.301
1997
7.034.464
3.862
1.821
1998
9.909.116
4.876
2.032
1999
9.148.977
5.000
1.634
 

За развојот на тутунопроизводството во Прилеп најголема заслуга има Тутунскиот комбинат од Прилеп. Производството на тутун се должи на долгогодишна традиција во реонот на Прилеп, поволните почвени и климатски услови за одгледување на тутун. Веќе подолго време ова производство претставува единствен услов за егзистенција на поголем дел од населението во Прилепската општина. 

inst3.jpg

Панорама на Тутунски комбинат - Прилеп 1999 год.

 

 

Грижата на Тутунскиот комбинат од Прилеп за добивање на стабилно и квалитетно производство беше крунисана во 1966 година, со изградба на хидросистемот со акумулационо езеро за наводнување на тутунот на површина од 3.000 ha и за наводнување на други земјоделски култури од преку 2.000 ha.

Земјоделство