Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Трговски друштва

b.200.34.16777215.0.stories.delovni.tuttunskikombinatlogo.jpg

„Тутунски комбинат“ АД , Прилеп

Тутунски Комбинат АД Прилеп од своето формирање во далечната 1873 г. постојано е синоним за квалитет на ориентален тутун и разни видови на цигари. 

 

 

b.200.37.16777215.0.stories.delovni.samovitaminka.gif

„Витаминка“ АД , Прилеп

Прехранбената индустрија А.Д. Витаминка, Прилеп, е формирана во 1956 година. Денес Витаминка е акционерско друштво со свое Собрание, Надзорен одбор и Управен одбор.

Производниот програм на Витаминка опфаќа: слатки, кисели и солени производи, производи потребни за секојдневниот живот на човекот, производи за потрошувачите од сите возрасти, производи за предјадење, производи што се користат како додатоци на јадењата, производи за по јадење и производи што се користат како салати.

Столб на профитот на Витаминка се производите: „Стоби флипс“, чоколадите, „Витакремот“, мајонезот, кечапот, зачинот „Дафинка“, супите, чоколадираните производи, пудинзите, шлаговите, киселиот програм и др.

Производниот програм на Компанијата е многу широк, и по асортиман (видови производи) и по типовите пакувања. Се смета дека денес во компанијата се произведуваат над 170 видови пакувања кои, во основа, се пласираат на пазарот во Република Македонија и во околу 25 земји во светот.

Најголем дел од производите коишто Витаминка ги пласира во странство се пласираат на пазарите во: Србија, Црна Гора, Австралија, Германија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Швајцарија, Холандија и др. Годишниот извоз е во границите од околу 6,5 милиони ГМ, од вкупно остварениот вкупен приход од околу 30.000.000 ГМ, со тенденција на забележлив пораст на истите.

 

 

pp_logo.gif

„Прилепска Пиварница“ АД , Прилеп

 

 

b.200.46.16777215.0.stories.delovni.mikrosam_logo128c.gif

„Микросам“ ДОО , Прилеп