Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Рудници

Најважни наоѓалишта за мермер претставуваат рудникот Сивец кој е најголем и е десетина километри оддалечен од Прилеп. Останати рудници за мермер има во местата Тројаци, Плетвар и Беловодица. Рудници за гранит има во местата Кукул и Слива. Подрачјето на кое се простира рудникот за бел мермер "Сивец" припаѓа на масивот југо-западно од планината Бабуна. Самото лежиште е во пресекот меѓу планината Бабуна и Козјак со правец на протегање северозапад-југоисток, со должина од 3 км и ширина од 2 км. Во поголемиот дел од своето протегање мермерот излегува на површина каде под влијание на атмосферските услови добива сива боја од каде и лежиштето го добило името "Сивец".

sivec1.jpgКомуникациските односи на рудникот се многу добри. Од Прилеп е оддалечен 10 км, од кој пат 8 км се асфалтирани, а последните 2 км е макадам и во текот на целата година целиот пат е прооден. Оваа добра комуникациска врска со Прилеп,од кој град натаму водат патиштата не само со Р.Македонија туку и надвор од границите на на на шата држава, во Европа , па и во светот, е од многу големо значење за дистрибуцијата на белиот мермер кој се доставува до крајните купувачи во блокови и во плочи.