Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Наследство

Завод и Музеј - Прилеп

2803-zavod-i-muzej-zgrada.jpg

Во 1955 година со одлука на Народниот одбор на општина Прилеп е формиран Народниот музеј. Во почетокот активни се три одделенија: Одделение за археологија, Одделение за Историја и Одделение за етнологија. Со тек на време се формираат и сите останати денес активни одделенија.

Со прераснувањето на Народниот музеј во Завод за заштита на спомениците на културата, природните реткости и Музеј во 1981 година, освен музејската дејност институцијата врши и заштитна дејност.

  

Моментално во рамките на Завод и музеј - Прилеп работат следните одделенија:

  • Одделение за Историја

  • Одделение за Архитектура

  • Одделение за Историја на уметност

  • Оддление за етнологија

  • Музеј за тутун

 

Активности од областа на музејската дејност:

  • Теренски истражувања и рекогносцирања;

  • Прибирање на музејски материјал по пат на истражувања, откуп, подарок и сл;

  • Евиденција, заштита и стручна обработка на музејскиот материјал;

  • Евиденција и увид во состојбата на недвижните и движни споменици на културата;

  • Организирање на тематски постојани и повремени изложби;

  • Публикација на обработениот музејски материјал;

  • Водичко - едукативна дејност;

 

Активности од областа на заштитната дејност:

  • Евиденција и увид во состојбата на недвижното и движно културно богатство;

  • Истражување и изработка на проекти за изведување на заштитни интервенции на недвижното и движно културно богатство;

  • Превентивни заштитни интервенции на недвижното и движно културно богатство;

  • Конзерваторско реставраторски работи на недвижното и движно културно богатство;

  • Учество во поставување на тематски постојани и повремени изложби;

  • Публикување на стручни трудови;

 

Завод и Музеј Прилеп располага со своја интерна библиотека со богат фонд на стручна литература, како и фото лабораторија која е мошне важна помошна техничка служба при активностите на вработените во институцијата. Во 1961 година поставена е Постојана изложба со археолошки предмети, која повремено се обновува. Во рамките на Завод и Музеј работат Меморијалниот музеј "11 Октомври 1941", Меморијалниот музеј "Кузман Јосифоски - Питу" и Музејот за тутун.

Прв директор на Народниот Музеј од неговото основање па се до 1980 година е др. Бошко Бабиќ, дипл. историчар на уметност.