Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Надлежности градоначалник

(1) Градоначалникот:

  1. Ја претставува и застапува општината;
  2. Ја контролира законитоста на прописите на советот;
  3. Ги објавува прописите на советот во службеното гласило на општината;
  4. Го обезбедува извршувањето на одлуките на советот;
  5. Го обезбедува извршувањето на работите кои што со закон и се делегирани на општината;
  6. Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот;
  7. Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината;
  8. Го извршува буџетот на општината;
  9. Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;
  10. Редовно го известува советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот;
  11. Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон;
  12. Донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;
  13. Раководи со општинската админстрација;
  14. Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон;
  15. Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статутот и
  16. Врши други работи утврдени со закон и со статутот на општината.

(2) Градоначалникот може да овласти раководен службеник на општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува акти.