Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Манифестации

Карневал Прочка

www.karnevalprilep.mk 

Маскирањето на Прочка во Прилеп постои одамна. Овај традиционален обичај го одразува етно-културниот идентитет на Македонија и претставува уникатна појава пошироко на Балканот, Европа, па и во светот.

Многувековното празнување на Прочка од 2001 прерасна во организирана културна манифестација „Прилепски карневал“ со меѓународен карактер, а на 21 Мај 2006 истиот стана член на Европската Федерација на Карневалски Градови FECC. Секоја година Прилеп е домаќин на над 300 гости од повеќе држави од Европа. Низ центарот на градот дефилираат околу 1000 интересни групни и поединечни маски, а за најубавите следуваат и награди. Покрај дефилето на маски, настанот е збогатен со концерти, клубски забави, настапи на културно-уметнички друштва, изложби на маски, како и презентации на традиционалната македонска трпеза. Градот Прилеп во 2012 година беше домаќин на 32. Конвенција на FECC.

  

 Денови на Крали Марко

 Меѓу настаните кои претставуваат традиционални културни обележја на градот се и Деновите на Крали Марко кои се одржуваат во периодот од 15 -17 мај со што се одбележува годишнината од загинувањето на Крали Марко. Деновите го промовираат Прилеп како град каде што живеел легендарниот крал Марко, место што е неодминлива дестинација на туристите во нашата држава со богата културна понуда.

  

Театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

 Македонскиот театарски фестивал "Војдан Чернодрински" е конституиран 1965 година на иницијатива на Здружението на драмските уметници од Република Македонија. Фестивалот го носи името на основоположникот на македонската драма - Војдан Чернодрински, драмски автор, актер и режисер и се одржува секоја година во почетокот на месец јуни.

На овој реномиран фестивал се презентираат најдобрите драмски остварувања од целокупната македонска театарска продукција.

 

Фестивал на народни инструменти и песни“Пеце Атанасоски”

 Фестивалот на народни инструменти и песни “Пеце Атанасоски” се одржува на почетокот на месец јули во Прилеп. Постои од 1974 година, а негов основач е Пеце Атанасовски, најпознатиот македонски гајдаџија и фолклорен педагог, кој, како вљубеник во народното творештво и традицијата, остави зад себе обемни опус и дело, меѓу кое и Фестивалот на гајди. Единствен е во земјава и на Балканот и главна задача му е да ги сочува од исчезнување древните и драгоцени вештини на свирачите на народни инструменти и пејачите на изворните народни песни.

Фестивалот има меѓународен каректер и на него, во изминатите 34 години учествувале околу 9000 инструменталисти и пејачи од нашавта држава и целиот свет.

 

Пиво фестивал

www.pivofestival.mk

Фестивалот на пиво се одржува во средината на месец јули. Секоја година градот Прилеп е домаќин на повеќе илјади посетители за време на четирите фестивалски денови. На изложбен простор од 3000 м2, на вкупно 25 локации  во центарот на градот, земаат учество повеќе пивари и овластени дистрибутери на пиво, како и реномирани ресторани и угостители, кои ги претставуваат најпознатите пивски брендови, како: Златен даб, Туборг, Скопско пиво, Хајнекен, Амстел, Каменица, Старо Прамен, Бадвајзер идр.

 За четири дена се трошат повеќе стотини тони на пиво и скара. На овај фестивал голем акцент се става на културно-забавната програма, која се одвива на две сцени, со настапи на големи естрадни sвезди од секаков жанр на музика.

  

Мариовско-Мегленски средби

Во центарот на Витолиште повеќе од 30 години се среќаваат Македонците

од Меглен и Мариово. Во организација на Локалната самоуправа на Општина Прилеп секоја година средбите се збогатуваат со културно-уметничка програма на која земаат учество повеќе фолклорни друштва, етно состави и музички училишта од сите краишта на Македонија.

 

Ликовна колонија

Центарот за современата ликовна уметност од Прилеп своето работење го започна во далечната 1957 година како Прилепска сликарска колонија. Творци на оваа сликарска колонија која прераснува во интернационална се д-р Бошко Бабиќ и Ристо Лозаноски.

Колонијата се одржува во летниот период во склоп на Уметничкото 54 години ЦСЛУ го посетија бројни познати имиња од земјава и од светот и на Центарот му подарија голем број на уметнички дела. Многу од овие дела го красат нашиот град и институциите како од Прилеп, така и од цела Македонија.