Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Локација на општината

Општината Прилеп се наоѓа во централниот дел од јужното подрачје на Република Македонија. Го зафаќа Прилепското поле кое го сочинува северниот дел од најголемата котлина во Македонија - Пелагонија, Тројачката Котлина и подрачјето на градот Прилеп.

Координатите на градот Прилеп се: 41° 21’ 22’’ северна географска широчина и 21° 35’ 7’’ источна географска должина по Гринич.

Преку современ регионален пат Прилеп е поврзан со сите туристички центри и поголеми градови во Република Македонија, посебно со граничниот премин Меџитлија преку Битола кон Република Грција, со Крушево, како и со Преспанско-охридскиот туристички регион.