Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Градежништво

Релјефните карактеристики овозможуваат експанзија на градската територија кон полето т.е. кон запад, југозапад и југ, што е мошне интензивно користено во последните 2-3 децении на минатиот век.

Општиот пад на теренот емошне поволен за градба како и за ефикасно одводнување на атмосферските и отпадните води. Вкупната денивелација на опфатот на урбаното подрачје изнесува околу 100 м. (од 740 м.н.в. кај највискоката делови на Варош до околу 640 м.н.в. во крајните југозападни делови на работната зона). Просечниот пад на теренот во правец север-југ изнесува околу 2,5%. Генералниот пад по текот на Оревоечка река, во правецот североисток-југозапад, од базата на „Македонија-пат“ до крајот на урбаното подрачје во работната зона, изнесува 0,7%. Наклоните на теренот под прав агол кон Оревоечка река, од северозапад (Маркови кули) се движат од 8% до 0,2%, а југоисток ( од падините на Селечка планина) исто така, од околу 6% до 0,2%.

Геолошкиот состав на теренот во рамките на опфатот на урбаното подрачје обезбедува вообичаен начин на фундирање на објекти со мала, средна и голема височина (до П+10 катови), иако не е исклучена појава на почви со помала носивост и помала консолидација. Во најголем обем се наоѓаат езерски песокливи глиновити седименти како и алувијални и делувијални слоеви. Најзастапени почви за длабочина на фундирање до 2,0 м се чакално-песокливите чија носивост изнесува до 280-300 кN/m2, глиновито-песокливи 120-200 кN/m2. За фундирање на објекти со височини поголеми од П+3 ката, како и за специфични конструкции со големи распони обврзни се посебни локални сондажи на почвата во рамките на габаритите на објектите.

Врз основа на досегашните сеизмолошки истражувања и макросеизмичката реонизација на територијата на РМ, очекуваните максимални земјотреси од локални или далечински жаришта, во рамките на урбаното подрачје ќе се манифестираат со епицентрален интензитет до VII° според Меркалиевата скала. Досега за градот Прилеп не се правени микросеизмички истражувања.