Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Етнологија

Одделението за етнологија постои од формирањето на Народниот музеј во Прилеп, 1955 година. Своето егзистирање и развој го продолжува и по прераснувањето на Народниот музеј во Завод за заштита на спомениците на културата, природните реткости и Музеј во 1981 година.

Активности:

  • Прибирање и чување на музејски материјал;
  • Истражување на теренот за откривање на нови предмети и податоци од материјалната и духовната култура;
  • Врши заштита и стручна обработка на музејскиот материјал добиен по пат на истражување, откуп, подарок или на друг начин;
  • Води евидентација и документација на музејскиот материјал;
  • Изработува програми и елаборати за организирање и поставување на постојани и повремени изложби;
  • Врши проучување и објавува стручни и научни трудови од областа на етнологијата;
  • Обавува педагошко-водичка служба од својата област;
  • ЗБИРКИ НА ПРЕДМЕТИ ОД МАТЕРИЈАЛНАТА КУЛТУРА
  • ЗАНАЕТИ
  • ДУХОВНА И СОЦИЈАЛНА КУЛТУРА

 

ЗБИРКИ НА ПРЕДМЕТИ ОД МАТЕРИЈАЛНАТА КУЛТУРА

 

Во Одделението за етнологија се чуваат преку 1700 добро очувани предмети од XIX и XX век, кои што сведочат за материјалната култура на населението во прилепскиот регион. Одделението содржи и околу 1500 предмети обележани со "x", а кои се користат за размена со други музејски институции.

Во зависност од материјалот на изработка, предметите во одделението можат да се поделат во неколку збирки:

- Збирката на предмети од текстил составена е во поголем број од делови и целосни народни носии од прилепскиот и мариовскиот регион. Во помал број се градските носии. На оваа збирка и припаѓаат и неколку килими.

image252.jpg

 

- Збирката на накит содржи предмети во поголем број направени од прилепските куменџии, а останатиот дел е од импорт. Во збирката застапени се: пафти, прстени, белезици, колани и други предмети за украс, како на селската така и на градската облека.

image253.jpg

 

- Збирката од керамика содржи предмети направени од прилепски мајстори и мајстори од поширокиот регион. Во збирката има предмети од домашен и стопански карактер.

image254.jpg

 

- Збирката на метал е најбројна и се состои од разни предмети во поголем број направени од прилепските занаетчии, а останатите се од импорт и фабрички производи.

image255.jpg image256.jpg

 

- Збирката од дрво има мал број на предмети. Во поголем број тоа се предмети од стопански карактер, а останатите се употребувзале во домаќинството. Во оваа збирка се и неколку касели.

 

ЗАНАЕТИ

Освен собирачката дејност Одделението за етнологија врши и истражувачка дејност. Последните десет години поголемо внимание е посветено на истражувањето на материјалната култура, со акцент на занаетчиството во Прилеп и околината.

Во XIX век Прилеп станува важен занаетчиско трговски центар во регионот. Прилепскиот панаѓур на кој што се продавале занаетчиските производи изработени од прилепски мајстори, бил надалеку познат. Занаетчиите имале свои работилници - дуќани во самото јадро на Старата чаршија и биле организирани во еснафи.

image258.jpg

image259.jpg

 

За жал, денес пред се заради забрзаниот индустриски развој, занаетите се на изумирање. Како пример, Казанџискиот занает кој во минатото броел до 38 дуќани со околу 360 вработени, во денешно време е сведен само на еден дуќан.

Затоа, Одделението за етнологија со големо внимание и ажурност врши истражувања за постоењето на занаетите и нивниот развој во Прилеп и околината.

Досега потемелно се истражени: Гајдаџискиот, Бочварскиот, Самарџискиот, Казанџискиот, Кантарџискиот, Секирџискиот, Ковачкиот, Ортомџискиот, Ножарскиот, Наланџискиот и дел од Грнчарскиот занает. За сите нив направена е потребната аудио, фото и дескриптивна документација. Кај некои од овие занаети истражувањето е направено во последен момент, бидејќи во меѓувреме ги снема од прилепската чаршија (како на пример Гајдаџискиот, Бочварскиот и др.), додека останатите се застапени со по еден до двајца активни занаетчии.

 

ДУХОВНА И СОЦИЈАЛНА КУЛТУРА

 

Одделението за етнологија од 1994 година врши истражувања на духовните манифестации на народната култура и социјалното уредување на неетаблираните структури, кои обичајно, или обичајно - правно постојат и живеат, како и сите манифестации на современото живеење - базирани на традициски обрасци на популацијата во прилепскиот регион.

Истражувањето е разграничено во три етнолошко - антрополошки области:

  • Духовна култура;
  • Социјална култура;
  • Теориска антропологија со методологија на антропологија;

Работата е етаблирана по тематски целини наречени Реферати. Секоја тематска целина е заокружен збир на делови од духовните и социјалните манифестации на живеењето, кои по формален и структурален метод се легитимираат како компатибилни и взаемно етно - експликатибилни, или истите се однесуваат како теориска и методолошка основа на истражувањата. Некои Реферати содржат солстицијална под - поделба: зимски обичаи, пролетни, летни и есенски.

 

Реферати:

Духовна култура:

  • Етномедицина: "Црвјарки (вадење црви)", "Аналитички картони на етно - медицински болести";
  • Зимска обредност: "Некрстени денови", "Прочка" (Проштени Поклади), "Василица", "Мечкари" (маскирани поворки);
  • Пролетна обредност: "Велигден", "Ѓурѓовден";
  • Посмртни обичаи;

Социјална култура:

  • Современи истражувања: "Бракот и предбрачните односи", "Семејна слава", "Обреди на премин" (Rittes de pasages);
  • Традициско социјално уредување: "Традиционални институции за заштита на правата на жените и децата";

Теориска антропологија:

  • Зоо-антропоморфен дистинктивизам (начин на формирање на групите и опстојување);
  • "Копиле" (митска димензија на вонбрачното потекло) ;
  • "Времеброење" (есенцијалност на календарите);