Skip to content
Дома arrow Новости
Новости
Отворена седница на тема „Локалитет Локви, природно подрачје заштитено со закон“ Испечати Е-пошта
6.09.2010.
Прочитај повеќе...

Во големата сала на Општина Прилеп се одржа отворена седница од страна на Републичката комисија за транспорт и врски и заштита на животната средина од Собрение на Р.Македонија, на тема : „ Локалитет Локви, природно подрачје заштитено со закон “. Самиот локалитет претставува последен остаток од некогашното пространо Пелагониско Блато, при што на еден огромен простор, во темпоралните локви сеуште е сочувана уникатна реликтна и ендемична фауна, помеѓу која  како најзначаен елемент е Пелагониското вилинско ракче.

Прочитај повеќе...
 
Велосипедска трка “Трофеј Мариово 2010“ Испечати Е-пошта
2.09.2010.

По повод 8-ми септември денот на независноста на Македонија , оваа година по трет пат ќе се одржи велосипедската трка “Трофеј Мариово 2010“. На трката учество ќе земат сите велосипедски клубови од Р. Македонија во четири возрасни категории а истата се бодува за ранг листа на Велосипедската Федерација на Македонија. Стартот на трката е во центарот на Прилеп од каде натпреварувачите се упатуваат кон Битола, додека целта на трката е во с.Витолиште. Организатор на оваа манифестација е Велосипедскиот клуб Илинден од Прилеп а покровител на манифестацијата е градоначалникот на Општина Прилеп г-дин Марјан Ристески.

Последно ажурирање ( 2.09.2010. )
 
Одбележан завршетокот на проектот за реновирање на ОУ„Г. Делчев“ во соработка со Владата на НР Кина Испечати Е-пошта
1.09.2010.
Прочитај повеќе...

Во присуство на амбасадорот на Н.Р. Кина во Р.Македонија  Г-дин Донг Чунфенг, министерот за евроинтеграции Г-дин Васко Наумовски, преставници од Секретаријатот за европски прашања, голем број на родители и ученици беше означен завршетокот на проектот за реновирање на ОУ „Гоце Делчев“. Реализацијата на овој капитален проект кој е во соработка со Владата на Н.Р. Кина и Владата на Р.Македонија  изнесуваше околу четиристотини илјади евра.

Последно ажурирање ( 1.09.2010. )
Прочитај повеќе...
 
Градоначалникот Ристески им посака успешен старт на првооделенците од нашиов град Испечати Е-пошта
1.09.2010.
Прочитај повеќе...

По повод стартот на новата учебна година градоначалникот Ристески ги посети основните училишта „Блаже Конески“ и „Климент Охридски“ во нашиов град. За време на посетата градоначалникот Ристески им посака успешен старт во понатамошното образование на првооделенците и на останатите ученици од нашата општина, а воедно им посака успешна работа на професорите.

Последно ажурирање ( 1.09.2010. )
Прочитај повеќе...
 
Градоначалникот Ристески на средба со делегација од Босна и Херцеговина Испечати Е-пошта
31.08.2010.

Прочитај повеќе...Градоначалникот Марјан Ристески оствари работна средба со делегација од Босна и Херцеговина. Триесет и четири члена босанска делегација својата студиска посета на Македонија денес ја започна од Прилеп. Имено станува збор за претставници на единаесет босански општини, како Добој, Грачаници, Маглај, Бихаќ, Петрово, Модрича, Услора, Нови Град, составена од градоначалници, советници и административци, претставници на 3 развојни агенции и две министерства. Целта на оваа посета е запознавање на делегацијата со позитивните искуства на Пелагонискиот регион во областа на регионалниот развој. Делегацијата во Македонија ќе биде до 3 септември, а ќе посети неколку општини како Прилеп, Битола Ресен.

Последно ажурирање ( 31.08.2010. )
Прочитај повеќе...
 
Заврши проектот проектот „Англиски јазик – Прозорец кон светот“ Испечати Е-пошта
31.08.2010.
Прочитај повеќе...

Градоначалникот  Ристески додели седумдесет и седум сертификати за успешно завршен курс по англиски јазик, дел од проектот  „Англиски јазик – Прозорец кон светот“. Овој проект кој имаше за цел надоградба на знаењето по странски јазици на тема „Англиски јазик – Прозорец кон светот“ го реализираше Младинска мултикултурна заедница во соработка со општина Прилеп и делумна финансиска поддршка од Советот на општина Прилеп.

Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 12 од 210