|
Потпишан меморандум за збратимување помеѓу Прилеп и Верона, Италија |
|
10.05.2010. |
|
На покана на општина Верона, Италија претатвници од
општина Прилеп на 07.05.2010 год, оставрија работна средба. На
средбата беше потпишан меморандум за збратимување на општина Прилеп и општина
Верона, Италија.
Денот на потпишувањето на меморандумот за соработка
помеѓу општините Прилеп и Верона од Италија се поклопува со 50 годишнината од
збратимувањето на Верона со Минхен.Со меморандумот за соработка ќе се развијат
поблиски односи на пријателство и севкупна размена на полето на економијата,
килтурата, туризмот како и соработка помеѓу институциите и јавните и приватните
претпријатија од двата града.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
“Сакај ја Македонија, уживај во својата татковина” |
|
10.05.2010. |
Општина Прилеп со свој излозбен штанд се претатви на манифестација “Сакај ја Македонија, уживај во
својата татковина” во Скопје. Манифестација што општините им ја посветуваат на
сите оние кои се заинтересирани за работењето на општините и на регионалните
центри во нашата земја. На осми мај, по официјалното отворање, присутнитеимаа можност да се запознаат со
активностите, проектите и идните планови на општините: Битола, Прилеп, Ресен,
Могила, Новаци, Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани и Крушево, кои се во рамките
на Пелагонискиот регион.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Во ОУ „Кире Гаврилоски“ парк на 3.500 м2 |
|
7.05.2010. |
Започна изградбата на
паркот во ОУ ”Кире Гаврилоски”. Паркот ќе го гради Јавното комунално
претпријатие “Комуналец” во
соработка со Локалната самоуправа. Овој парк ќе биде на површина од 3.500 м2 со
поплочување од 1000м2, со посебни амфитеатри за следење на
настава на отворено и хортикултура. Самата специфика на идејното решение ќе
претставува атракција како за учениците, така и за граѓаните. Паркот ќе биде
пуштен во употреба за два месеци.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Со средства од кинеската Влада ќе реновира О.У. „Гоце Делчев“ |
|
6.05.2010. |
Со средства во висина од над триста илјади евра, донација
од кинеската Влада, започнаа градежните активности околу реновирањето на О.У „Гоце Делчев“. Имплементацијата на овој проект кој веќе е
започнат, се одвива преку македонскиот партнер BAR E.C.E. Со
овој проект е предвидено промена на две илјади
квадрати подна површина, илјада и петстотини квадрати дограм, реновирање на
скалишниот простор, нов инвентар во училниците, бојадисување на ентериерот на
училишната зграда, и промена на
јолуците.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Нов слој асфалт на улиците „Јоле Андоноски“ и „Бидимаш“ |
|
5.05.2010. |
На површина од илјада и седумстотини квадрати поставен е
нов асфалтен слој на улицата „Бидимаш“ во урбаната заедница Бончејца, а исто
така во должина од двеста метри на површина од седумстотини и педесет квадрати,
асфалтирана е и улицата „Јоле Андоноски“. На средбата со граѓаните на чија
иницијатива беа превземени градежните активности околу поставувањето на нов
асфалтен слој градоначалникот Ристески истакна дека, градежните работи
продолжуваат со последователно уредување на тротоарите на двете улици со
бехатон плочки.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Пригодно одбележан 4-ти Мај |
|
4.05.2010. |
4-ти Мај, денот на загинувањето
на идеологот на македонското национално-револуционерно движење, Гоце Делчев, како
и на “совеста” на македонската револуција, Пере Тошев, денеска пригодно беше одбележан
на гробот на Пере Тошев во црквата “Свето Благовештение”. Едниот беше убиен во 1903
г., а додека другиот 9 години подоцна, со што денешниов ден се вброи во деновите
за незаборав, беше речено на пригодната беседа.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Завршени се градежните активности околу поплочувањето на пазарот |
|
4.05.2010. |
Завршени се градежните активности околу поплочувањето на
стариот дел на пазарот. Околу две илјади
метри квадратни во стариот дел на
пазарот се
препокрија со бехатон плочки. Тезгите за продажба на текстил и бижутерија се
дислоцирани од постоечкото место и поставени во поплочениот дел од пазарот.На
секои петстотини метри има по една чешма
од водоводната мрежа, а за техничка ќе се користи водата од избушениот бунар, преку петте хидранти кои
треба да се изградат.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Продолжува иницијативата за реновирање на фасадите на зградите во централното градско подрачје |
|
4.05.2010. |
Локалната самоуправа продолжува со иницијативата за
реновирање на фасадите на зградите во центарот на градот. Моментално
се работи на реновирање на фасадата на зградата каде е
сместена експозитурата на Тутунска банка. Досега во нашиот град реновирани се
фасадите на околу десет згради, кои во целост го подобрија изгледот на
централното градско подрачје.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Одлични резултати на прилепските џудисти во Белград |
|
3.05.2010. |
Градоначалникот Марјан Ристески оствари средба со
наградените спортисти од џудо клубот Пролетер на 16 – тиот меѓународен
меморијален турни „Срѓан Јанаковиќ“ во Белград. Победничкат екипа од џудо клубот
Пролетер ја предводеше тренерот Славе Димитриоски. Експедицијата на Пролетер од
Белград во Прилеп се врати со седум медали. Во конкутенција на 250
натпреварувачи од осум земји: Србија, Унгарија, Романија, Австрија, Хрватска,
Словенија и Босна и Херцеговина, најдобар резултата прво место и златен медал
оствари јуниорката Јованка Гусакоска.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Општина Прилеп се збратими со општина Тире - Турција |
|
30.04.2010. |
Делегација од општина Прилеп и стопанската комора беше во дводневна возвратна посета на општина Тире,
Турција. Во
текот на првиот ден беше организирана посета на општина Тире, и средби со
претставници од стопанската комора на Тире со стопнственици од Прилеп. На работната
средба која се одвиваше во просториите на стопанската комора на општина Тите,
освен претседателот на стопанската комора на Тире, Мехмет Деликанле,
присуствуаше и градоначалникот Тајфур Чичек, и претседателот на градот Усеин
Ергин.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|