Skip to content
Дома
Дома
Две спортски случувања во нашиот град
7.06.2010.
Прочитај повеќе...

Градоначалникот Ристески присуствуваше на државното првенство за помлади кадети во карате, кое се одржа во салата на Тутунски комбинат.

На државното првенство учествуваа 101 натпреварувач од 28 клубови од државава. Државниот натпревар беше следен од голем број гости од балканските земји. Исто така градоначалникот Ристески, присуствуваше на меѓународниот турнир во џудо „Прилеп 2010“ кој се организира по единаесетти пат. Организатор на овој турнир е џудо клубот „Пролетер“. На истиот учествуваа 200 учесници од петнаесет екипи од земјава и од Србија, Бугарија, Грција и Романија. 

Прочитај повеќе...
 
Подобрени условите за изведување на наставата во ОУ „ Рампо Левката”
7.06.2010.
Прочитај повеќе...

Со поддршка на Општина Прилеп подобрени се условите за изведување на настава во ОУ “Рампо Левката”. Реновирани се соблекувлните, фасадата на училишната зграда, извршена е санација на одводната мрежа а исто така превземени се реконструктивни зафати на училишната зграда од подрачното училиште во село Селце.

Прочитај повеќе...
 
„VIII Национален фудбалски турнир“
7.06.2010.
Прочитај повеќе...

Околу 300 учесници од целата држава, во рамките на 35 екипи, ќе земат учество на „ VIII Национален фудбалски турнир “. VIII Национален фудбалски турнир“ за деца со посебни потреби“ ќе се одржи утре на градскиот стадион, и на истиот учество ќе земат 35 екипи од целата држава. Турнирот е традиционален, и  секоја година се организира во различни градови од нашата држава. Ова е втор пат, после четири години во нашиот град да се организира ваков турнир.

Прочитај повеќе...
 
Започна 45-тото издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“
7.06.2010.
Прочитај повеќе...

Со преставата “Тупаница полна со љубов” од МНТ во режија на Санди Лопичиќ и доделувањето на наградите за животно дело на актерите Ратка Чоревска, Мите Грозданов и Чедо Христов започна 45-тото издание на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински. На свеченото отворање на фестивалот поздравни говори имаа градоначалникот Марјан Ристески, заменик министерот за култура Драган Недељковиќ и селекторот на фестивалот Петар Темелкоски.

Прочитај повеќе...
 
ОУ „Блаже Конески“ за инфраструктурни зафати ќе користи средства од германската амбасада
4.06.2010.
Прочитај повеќе...

ОУ „Блаже Конески“ за реализација на инфраструктурни зафати ќе користи средства, донација од германската амбасада. По тој повод претставник од германската амбасада беше во посета на основното училиште кое со свои проекти од областа на инфраструктурата аплицираше за добивање средства за реализација на истите. Стаува збор за повик од страна на германската амбасада за доделување на средства за мали проекти. Според податоците во текот на годината од страна на германската амбасада, во различни области, се финансираат од пет до шест проекти, но интересот за апликација е десет пати  поголем во однос на одобрените проекти.

Прочитај повеќе...
 
Мото – тура Мариово 2010
4.06.2010.
Прочитај повеќе...

Градоначалникот Ристески им посака многу среќа на учесниците на мото - турата Мариово 2010. На овогодинешната мото тура учествуваа повеќе од 350 моторџии од земјава и странство. Организатор на овој настан е здружението на граѓани „Guardian angels.

Прочитај повеќе...
 
Одобрени 160 нови вработувања со субвенционирање
3.06.2010.
Прочитај повеќе...

Градоначалникот Ристески заедно со директорката на Центарот за вработување, Силвана Пашоска, остварија средба со 160  апликанти, чии предлози за субвенции за намалување на невработеноста се позитивно оценети. Агенцијата за вработување преку  oперативниот план со владините мерки овозможи поволности  при вработување на  повеќе категории невработени лица.  

Прочитај повеќе...
 
Акција за селекција на отпад во прилепската болница
3.06.2010.
Прочитај повеќе...

Општата болница „Борка Талески“ е меѓу ретките здравствени установи во државава која ќе започне со селекција на мешан, медицински отпад и пет амбалажа. При денешната посета на болницата од страна на градоначалникот Марјан Ристески и директорот на ЈКП „Комуналец“ Златко Ристески беше истакнато дека во насока на логистичка и техничка помош, донирани се педесет канти за отпад, од кои  по дваесет се за мешан и медицински отпад, а останатите десет за селекција на пет амбалажа.

Прочитај повеќе...
 
Талентираните математичари од ОУ „Кочо Рацин“ на прием кај градоначалникот Ристески
3.06.2010.
Прочитај повеќе...

Талентираните математичари од ОУ „Кочо Рацин“ кои освоија високи места на Регионалниот и Државниот натпревар по математика  и се пласираа за учество на Балканијадата што ќе се одржи во Романија во градот  Романику Волчеа беа на прием кај градоначалникот  Марјан Ристески. Со освоено прво место од математичкиот натпревар се вратија шестооделенците Марко Маркоски и Андреј Патоски кои се во составот на шестчлената македонска екипа  што ќе патува за Романија  и, седмооделенецот  Божидар Стеваноски, а трето место освоија ученичките Фелина Сапунџиоска и Теодора Кочоска.

Прочитај повеќе...
 
Реновирана старата училишна зграда во ОУ „Климент Охридски”
1.06.2010.
Прочитај повеќе...

Со поддршка на Општина Прилеп, Министерството за образование и донации од приватниот сектор донатор, се подобрени условите за настава за  59 ученици во посебните паралелки во ОУ “Климент Охридски”. Реновирана е надворешноста на старата зграда, променет е покривот, столаријата. За подобрување на наставата извршивме реновирање на надворешноста на објектот, за што вложивме 900 илјади денари. Извршена е промена на покривот и  столаријата со 1,5 милиони денари  средства од Министерството за образование. Целосната инвестиција изнесуваше околу 2,5 милиони денари, истакна градоначалникот Марјан Ристески.

Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 49 - 64 од 212

ИНФОРМАТОР Бр.3

inf3.png

ИНФОРМАТОР Бр.2

Кликнете за да го превземете информаторот
defektulicno.jpg
rnda.jpg

Е-информатор