Skip to content
Дома
Дома
Новогодишни подароци за дечињата од О.У„ “Страшо Пинџур,„ Круме Волнароски“ и „Кирил и Методиј“
24.12.2009.
Прочитај повеќе...

По повод престојните новогодишни празници градоначалникот Ристески заедно со Дедо Мраз ги посетија првооделенците од основните училишта „Страшо Пинџур“ од Мало Коњари, „Круме Волнароски“ – Тополчани и Кирил и Методиј од Канатларци. Првооделенците од овие основни училишта најмногу им се радуваа на подароците кои им ги поклонија градоначалникот Ристески и Дедо Мраз.За време на средбите градоначалникот Ристески на учениците им ја честита Новата година со желби за многу среќа, здравје и благосостојба.

Прочитај повеќе...
 
Во тек се градежните активности околу изградбата на втората фаза од Арт плоштадот
23.12.2009.
Прочитај повеќе...

Пред Ц.К.„Марко Цепенков“ во тек се градежните активностите околу изведбата на втората фаза – патека на славните од Арт плоштадот, кој претставува своевремено вклопување на модерни архитектонски решенија.

Со изградбата на овој плоштад комплетно ќе се урбанизира централното градско подрачје во градот. Арт плоштадот се состои од три компоненти, од кои досега завршена е изведбата на првата – шаховската табла, а како наредна чија изведба е во тек е патеката на славните, своевиден пандан на Холивуд, истакна градоначалникот Ристески.

Прочитај повеќе...
 
Продолжува иницијативата за реновирање на фасадите на зградите во централното градско подрачје
23.12.2009.
Прочитај повеќе...

Локалната самоуправа продолжува со иницијативата за реновирање на фасадите на зградите во центарот на градот. Моментално се работи на реновирање на фасадата на зградата каде се сместени просториите на  Здружението на пензионери. Досега во нашиот град реновирани се фасадите на околу десет згради, кои во целост го подобрија изгледот на централното градско подрачје.

Прочитај повеќе...
 
Новогодишни подароци за дечињата од О.У„Добре Јованоски“,„Блаже Конески“ и „Порака“
23.12.2009.
Прочитај повеќе...

Првооделенците од основните училишта „Добре Јованоски“ и „Блаже Конески“ најмногу им се радуваа на подароците кои им ги поклонија градоначалникот Ристески и Дедо Мраз. По повод Новата година градоначалникот Ристески оствари средба и со дечињата од Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ на кои им ја честита Новата година со желби за многу среќа, здравје и благосостојба.

Прочитај повеќе...
 
Подароци за учениците од „К. Гаврилоски“, „ Кл. Охридски “ и штитениците од Дневниот центар
22.12.2009.

Прочитај повеќе...Градоначалникот Ристески заедно со најголемата радост за децата Дедо Мраз денеска ги посетија основните училишта: „Кире Гаврилоски“, „Климент Охридски “, посебните паралелки за деца со посебни потреби при О.У.„Климент Охридски“ и Дневниот центар за деца со посебни потреби. По повод Новата година градоначалникот Ристески на првооделенците им посака многу здравје, среќа и успех во учењето.

Прочитај повеќе...
 
276 лаптопи за професорите од прилепските средни училишта
22.12.2009.
Прочитај повеќе...

276 професори од петте прилепски средни училишта се со цел подобрување на образовниот процес добија лаптопи.Лаптопите за 276 професори кои се во редовен наставен процес ги обезбеди Министерството за информатичко општество. Градоначалникот Ристески истакна дека со реализацијата на овој проект „Лаптоп за секој професор“ значително ќе им се олесни работата на професорите.

 

 

Прочитај повеќе...
 
Учениците од „Гоце Делчев“, „Рампо Левката“ и „Кочо Рацин“ добија новогодишни подароци
21.12.2009.
Прочитај повеќе...

Градоначалникот Марјан  Ристески и најдарежливиот Дедо Мраз денеска ги посетија првооделенците од основните училишта Гоце Делчев“, „Рампо Левката“ и „Кочо Рацин“. При денешната посета градоначалникот Ристески им ја честита Новата година и им посака многу здравје и успех во учењето.

Новогодишните подароци  беа радост за најмладите од овие три основни училишта во нашиот град. Во теков на неделава предвидено е градоначалникот заедно со најдарежливиот Дедо Мраз да ги посетат сите основни училишта во градов и населените места.

Прочитај повеќе...
 
Прилеп го одбележа патрониот празник
21.12.2009.
Прочитај повеќе...

Прилепчани  по четврти пат го прославија патронот на градот  Св.Никола. Домаќин оваа година беше Генералниот директор на Прилепската Пиварница Г-дин Сашо Самарџиоски, кој заедно со Локалната самоуправа се ангажирани околу припремата на светиниколската трпеза. Годинава 50 жени од Здружението на жени „Преродба„  припремија околу 50.000 светиниколски сарми. Покрај  традиционалната светиниколска сарма,на трпезата не изостана ни посното гравче и рибата.

Прочитај повеќе...
 
На 19 декември во центарот на Прилеп ќе се слави патронот на градот Св.Никола
16.12.2009.
Прочитај повеќе...

По четврти пат на 19 декември во центарот на Прилеп, на плоштадот Александрија пред Параклисот на Св.никола ќе се слави патронот на градот. Домаќин оваа година е Генералниот директор на Прилепската Пиварница Г-дин Сашо Самарџиоски, кој е прилепчанец по потекло и која заедно со Локалната самоуправа се ангажирани околу припремата на светиниколската трпеза.Годинава 50 жени од Здружението на жени „Преродба“ ќе припремат околу 50.000 светиниколски сарми.

Прочитај повеќе...
 
Предлог буџет на општина Прилеп за 2010 година
14.12.2009.

Почитувани граѓани,

Пред Вас е предлог буџетот на општина Прилеп за 2010 година. Доколку и Вие сакате да дадете Ваш придонес кон креирањето на буџетот на општина Прилеп, превземете го и разгледајте го. Вашите предлози и коментари испратете ги на следната адреса: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете .

Предлог буџетот можете да го превземете  овде 416.86 Kb.

 
<< Почеток < Претходна 11 12 13 14 Следна > Крај >>

Резултати 161 - 176 од 210

ИНФОРМАТОР Бр.3

inf3.png

ИНФОРМАТОР Бр.2

Кликнете за да го превземете информаторот
defektulicno.jpg
rnda.jpg

Е-информатор