Skip to content
Дома
Дома
Презентација на проектот „Откривање на архитектонското наследство на Мариово“
3.03.2010.
Прочитај повеќе...

Во присуство на претставници од Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој (ЦеПроСАРД), градоначалникот на општина Прилеп Г-дин Марјан Ристески, градоначалникот на општина Кавадарци Г-дин Александар Панов и градоначалникот на општина Новаци Г-дин Лазар Котевски, во малата сала на општина Прилеп беше извршена презентација на резултатите од проектот „Откривање на архитектонското наследство на Мариово“ на која присуствуваа голем број на граѓани.

Прочитај повеќе...
 
Реновирана училишната зграда во „Круме Волнароски“ во Галичани
1.03.2010.
Прочитај повеќе...

Градоначлникот Ристески го посети О.У „Страшо Пинџур“ во Мало Коњари и подрачното училиште „Круме Волнароски“ во Галичани. Во подрачното училиште „ Круме Волнароски“ завршени се активностите околу реновирање на училишната зграда и една од училниците за изведување на наставата.

За градежните зафати околу реновирање на училишната зграда и една од просториите за изведување на наставата Локалната самоуправа издвои средства во висина од триста илјади денари.

Прочитај повеќе...
 
Реновирана кровната конструкција во ОУ „Круме Волнароски“
26.02.2010.
Прочитај повеќе...

Градоначлникот Ристески ги посети двете основни училишта „Круме Волароски“ во Тополчани и „Кирил и Методиј“ во Канатларци.

Во основното училиште „ Круме Волнароски“ завршени се активностите околу реновирање на кровната конструкција. За реновирање на кровната конструкција Локалната самоуправа издвои средства во висина од еден милион и двеста илјади денари.

Прочитај повеќе...
 
Градоначалникот Ристески на средба со Здружението на пензионери од нашиот град
26.02.2010.
Прочитај повеќе...

Градоначалникот Ристески оствари средба со членовите од Здружението на пензионери од нашиот град. За време на средбата стана збор потребите на ова здружение и поддршката која ја има од страна на  Локалната самоуправа.

Членовите на ова здружение изразија голема благодарност, за поддршката и добрата соработка со општина Прилеп.

Прочитај повеќе...
 
Работен состанок за проектот за реконструкција на Работничкиот Универзитет „Пере Тошев“
26.02.2010.
Прочитај повеќе...

Градоначалникот Ристески оствари работна средба со претставници од трите Државни Универзитети „ Св.Кирил и Методи“ – Скопје, „Св.Климент Охридски“ – Битола, „Гоце Делчев“ - Штип и Министерството за образование и наука.Целта на состанокот беше разгледување на техничките можности на проектот за реновирање на Работничкиот Универзитет „Пере Тошев“, каде треба да бидат сместени трите насоки од дисперзираните студии во нашиот град.

Прочитај повеќе...
 
Годишен извештај за работата на овластениот просветен инспектор
25.02.2010.
Годишниот извештај за работата на овластениот просветен инспектор за 2009 година можете да го превземете  овде 177.97 Kb.
 
Започнаа градежните активности околу изградбата на спортската сала во СОУ „Ѓорче Петров“
24.02.2010.
Прочитај повеќе...

Започнаа градежните активности околу изградбата на спортската сала во СОУ „Ѓорче Петров„ која е  во рамките на  владиниот проект за изградба на 145 спортски сали во Македонија. Со изградбата на спортската сала  учениците од средното училиште „Ѓорче Петров“ ќе добијат подобри услови за изведување на наставата по спорт и спортски активности.Градоначалник Марјан Ристески,  истакна дека спортските сали се капитална инвестиција во прилепските училишта, и додаде дека ова е и континуирано подобрување на условите во училиштата зашто во меѓувреме се инвестира и во обновување на покривните конструкции и санитарните јазли со пари од Министерството за образование и наука, општинскиот буџет и со донации.

Прочитај повеќе...
 
Прва работилница од Пелагониската туристичка платформа
24.02.2010.
Прочитај повеќе...

Во организација на Регионалната развојна агенција Пелагонија – ПРЕДА денеска во хотелот „Кристал Палас“ беше организирана првата работилница од Пелагониската туристичка платформа, дел од проектот „Искористување на регионалните потенцијали за развој на туризмот. На работилницата присуствуваше и градоначалникот Ристески кој истакна дека заложбата за поддршка на туристичкиот сектор, следи после направените анализи во рамките на процесот на планирање на развојот на регионот, а истата се темели врз општата констатација дека Пелагонија е регион кој што е многу богат со културно – историско наследство, природни убавини и настани кои што имаат огромен потенцијал за привлекување на домашни и странски туристи.

Прочитај повеќе...
 
Поделени компјутерите во неколку прилепски основни училишта
22.02.2010.
Прочитај повеќе...

Градоначалникот Ристески на наставниците од основните училишта „Блаже Конески“, „Рампо Левката“, „Добре Јованоски“ и „Кире Гаврилоски“ им ги додели лап топ компјутерите. Со овој проект на Владата на Р.Македонија се осовременуваат условите за изведување на наставата. Ристески на средбите со наставниците истакна дека со компјутерите ќе се зголеми квалитетот на образовниот процес.

Прочитај повеќе...
 
Кражба на шахти и сливници
19.02.2010.

Прочитај повеќе...

Голема кражба на шахти и сливници се случува по прилепските улици. Од улиците Јоска Јорданоски, Круме Волнароски, Зеленик, Тризла,  за само неколку дена се украдени 150 шахти и сливници. Штетите се околу 400 илјади денари. Од  „Водовод и канализација“  велат дека се работи за  масовна кражба. -  За само неколку дена се украдени 150 - те шахти, тешки од 25 до 50 килограми. Кражбите се организирани. Шахтите мора да се кревани со возило. За среќа нема повредени . Има само незначителни оштетувања на возила.

 

Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 129 - 144 од 212

ИНФОРМАТОР Бр.3

inf3.png

ИНФОРМАТОР Бр.2

Кликнете за да го превземете информаторот
defektulicno.jpg
rnda.jpg

Е-информатор