Skip to content
Дома
Дома
Инвестиција вредна околу петнаесет илјади евра во Градскиот пазар
22.03.2010.
Прочитај повеќе...

До крајот на Март,околу  две илјади метри квадратни  во стариот дел на пазарот ќе се препокријат со бехатон плочки. Тезгите за продажба на текстил и бижутерија ќе бидат дислоцирани од постоечкото место и поставени во поплочениот дел од пазарот. На секои петстотини метри ќе има по една чешма од водоводната мрежа, а за техничка ќе се користи водата од  избушениот бунар, преку петте хидранти кои треба да се изградат. Овој и наредните зафати кои следат се прават  за задоволување на условите по ХАСАП стандардите.

Прочитај повеќе...
 
Три хидрофорски станици во населбата Точила
22.03.2010.
Прочитај повеќе...

ЈКП “Водовод и канализација” започна со градежни активности околу изградбата на 3-те хидрофорски станици во населбата Точила. Со нив значително ќе се подобри квалитетот на водоснабдувањето во целата населба кога градот ќе се соочи со нарушено водоснабдување поради помал доток на вода од Струденчица тоа да не се почувствува во повисоките катови. Целокупната изведба- пумпите и градежните работи во висина од 100.000 евра се донација на КФВ Банката.

Прочитај повеќе...
 
Болдеринг на Марковите кули
22.03.2010.

Прочитај повеќе...Група од млади спортисти вчера се искачуваа по карпите на локалитетот Маркови кули. Станува збор за балкански собир во спортската дисциплина болдеринг. Болдеринг е стил на качување на карпи без јаже. Прилепскиот регион е еден од најголемите локалитети за болдеринг, посебно во реонот од Марковите кули до Дервен. Околу 7000м2 на овој простор со природни карпи (болдери) сеуште чекаат да се откријат и промовираат како спортска и туристичка атракција, истакнаа спортистите.

Прочитај повеќе...
 
Донација од фото и видео опрема за Мултикултурниот центар
18.03.2010.
Прочитај повеќе...

Изработка на документарни филмови, промотивни материјали за Прилеп и работата на граѓанските организации, а посебно за ативностите на Мултикултурната мрежа „Пет до дванаесет“ е повод за додлување на најсовремена фото и видео опрема од страна на Италјанската организација  COSV. Денес директорката на COSV  Кинза Џидичи ја предаде во употреба опремата која содржи десетина дигитални апарати, 4 видео камери, рефлектори, плазма телевизор, комјутер, опрема на која повеќе телевизии во Македонија можат да позавидат.

Прочитај повеќе...
 
Благодарници и плакети за хуманите крводарители
17.03.2010.
Прочитај повеќе...

Градоначалникот Ристески по повод Денот на крводарителите подели благодарници и плакети на наши сограѓани кои имаат дарувано крв повеќе пати. За време на средбата градоначалникот Ристески истакна дека тоа е благодарен и хуман гест со кој се спасува нечиј живот. На свечениот прием по повод Денот на крводарителството присуствуваа повеќе крводарители од кои дваесет и четворица крводарители дарувале крв повеќе од 25 пати, 50 дарувања  имаат три крводарители а четворица крводарители својата драгоцена црвена течност ја дарувале повеќе од 75 пати.

Прочитај повеќе...
 
Промовирана ФУТСАЛ лигата за средни училишта
17.03.2010.
Прочитај повеќе...

Градоначалникот Ристески заедно со претставници од Сојузот на училишен спорт од нашиот град ја промовираа ФУТСАЛ лигата за средни училишта во машка категорија. ФУТСАЛ лигата  е во организација на Сојузот за училишен спорт а финансиски е поддржана од Општина Прилеп.Како што беше истакнато на промоцијата наредната недела ќе биде промовирана и Општинската лига за одбојка во женска категорија каде ќе бидат опфатени основните училишта, а во наредниот период ќе бидат формирани и лиги за кошрка и ракомет.

Прочитај повеќе...
 
Балкански натпревар во болдеринг на локалитетот Маркови кули
17.03.2010.

Во периодот од 19-21 Март 2010г. на локалитетот Маркови кули , ќе се одржи балкански натпревар во болдеринг. Болдеринг качување е стил на качување на карпи без јаже. Прилепскиот регион е еден од најголемите локалитети за болдеринг, посебно во реонот од Марковите кули до Дервен. Околу 7000м2 на овој простор со природни карпи(болдери) сеуште чекаат да се откријат и промовираат како спортска и туристичка атракција. Маратонот ќе се одржи кај манастирот Архангел Михаил.

 
ОБЈАВА за оттуѓување на градежно земјиште по пат нa јавно наддавање
17.03.2010.

ОБЈАВА за оттуѓување на градежно земјиште по пат нa јавно наддавање, за давање под долготраен закуп сопственост на Република Македонија, кое се наоѓа во Општина Прилеп, наменето за изградба на Jавна автобуска станица - 11.3.2010

 

Прочитај повеќе...
 
Градоначалникот Ристески се сретна со чешкиот амбасадор Јозеф Браун
12.03.2010.
Прочитај повеќе...

Градоначалникот Марјан Ристески оствари средба со амбасадорот на Чешка Н.Е. Јозеф Браун и  со претставници на фирмата Гренлајф. На средбата   стана збор за можноста чешки фирми да реализираат еколошки проекти во Прилеп (за прочистување на отпадните води, на депониите, енергетиката) и да ја подобруваат животната средина. Воедно беше презентирана најновата технологија за прочистување на отпадните води, која на Прилеп му е потребна за изградбата на пречистителната станица.

Прочитај повеќе...
 
Крводарителска акција во У.З. „Тризла 2“
11.03.2010.
Прочитај повеќе...

Градоначалникот Ристески ја посети втората по ред хуманитарна  крводарителската акција во У.З. „Тризла 2“. Организацијата на ваква хуманитарна акција, чија иницијатива ја покрена  У.З. „Тризла 2“ прераснува во традиција, за што доволен показател е зголемената посетеност на истата од страна на нашите жители во споредба со минатогдишната крводарителска акција, истакнуваат организаторите. Хуманитарната акција на која жителите од оваа урбана заедница ја даруваа својата драгоцена течност, се со цел да спасат нечиј живот, се одвиваше во просториите од салата кај Беширо во У.З. „Тризла 2“.

Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 113 - 128 од 210

ИНФОРМАТОР Бр.3

inf3.png

ИНФОРМАТОР Бр.2

Кликнете за да го превземете информаторот
defektulicno.jpg
rnda.jpg

Е-информатор