Skip to content
Дома
Дома
Одбележан Денот на независноста на Р.Македонија 8-ми септември
10.09.2010.
Прочитај повеќе...

По повод  одбележувањето на државниот празник, Денот на независноста на Р.Mакедонија, делегација од Локалната самоуправа на Општина Прилеп,  положи  свежо цвеќе пред споменикот на десеттемина загинати на Карпалак во центарот на градот, на Могилата на непобедените и пред споменикот на  првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто. На истите  локации по повод 8-ми септември денот на независноста на Р.Македонија свежо цвеќе положија и претсавници од останатите политички структури и група граѓани.

Прочитај повеќе...
 
„Велосипедска трка „Трофеј Мариово“ – во Прилеп
10.09.2010.
Прочитај повеќе...

По трет пат оваа година, на денот на независноста на Р.Македонија во Прилеп се одржа друмската велосипедска трка „Трофеј Мариово“. На трката учество зедоа 14 велосипедски клубови од Република Македонија во четири возрасни категории: сениори, јуниори, кадети и мастерс, а истата се бодува за ранг листа на Велосипедската Федерација на Македонија.Стартот на трката беше од центарот на Прилеп од каде натпреварувачите најпрво се упатуваа кон Битола, назад на петлата за влез во Битола, преку село Лагово, се до село Витолиште, Мариово каде е целта на трката.

Прочитај повеќе...
 
Отворена седница на тема „Локалитет Локви, природно подрачје заштитено со закон“
6.09.2010.
Прочитај повеќе...

Во големата сала на Општина Прилеп се одржа отворена седница од страна на Републичката комисија за транспорт и врски и заштита на животната средина од Собрение на Р.Македонија, на тема : „ Локалитет Локви, природно подрачје заштитено со закон “. Самиот локалитет претставува последен остаток од некогашното пространо Пелагониско Блато, при што на еден огромен простор, во темпоралните локви сеуште е сочувана уникатна реликтна и ендемична фауна, помеѓу која  како најзначаен елемент е Пелагониското вилинско ракче.

Прочитај повеќе...
 
Велосипедска трка “Трофеј Мариово 2010“
2.09.2010.

По повод 8-ми септември денот на независноста на Македонија , оваа година по трет пат ќе се одржи велосипедската трка “Трофеј Мариово 2010“. На трката учество ќе земат сите велосипедски клубови од Р. Македонија во четири возрасни категории а истата се бодува за ранг листа на Велосипедската Федерација на Македонија. Стартот на трката е во центарот на Прилеп од каде натпреварувачите се упатуваат кон Битола, додека целта на трката е во с.Витолиште. Организатор на оваа манифестација е Велосипедскиот клуб Илинден од Прилеп а покровител на манифестацијата е градоначалникот на Општина Прилеп г-дин Марјан Ристески.

 
Одбележан завршетокот на проектот за реновирање на ОУ„Г. Делчев“ во соработка со Владата на НР Кина
1.09.2010.
Прочитај повеќе...

Во присуство на амбасадорот на Н.Р. Кина во Р.Македонија  Г-дин Донг Чунфенг, министерот за евроинтеграции Г-дин Васко Наумовски, преставници од Секретаријатот за европски прашања, голем број на родители и ученици беше означен завршетокот на проектот за реновирање на ОУ „Гоце Делчев“. Реализацијата на овој капитален проект кој е во соработка со Владата на Н.Р. Кина и Владата на Р.Македонија  изнесуваше околу четиристотини илјади евра.

Прочитај повеќе...
 
Градоначалникот Ристески им посака успешен старт на првооделенците од нашиов град
1.09.2010.
Прочитај повеќе...

По повод стартот на новата учебна година градоначалникот Ристески ги посети основните училишта „Блаже Конески“ и „Климент Охридски“ во нашиов град. За време на посетата градоначалникот Ристески им посака успешен старт во понатамошното образование на првооделенците и на останатите ученици од нашата општина, а воедно им посака успешна работа на професорите.

Прочитај повеќе...
 
Градоначалникот Ристески на средба со делегација од Босна и Херцеговина
31.08.2010.

Прочитај повеќе...Градоначалникот Марјан Ристески оствари работна средба со делегација од Босна и Херцеговина. Триесет и четири члена босанска делегација својата студиска посета на Македонија денес ја започна од Прилеп. Имено станува збор за претставници на единаесет босански општини, како Добој, Грачаници, Маглај, Бихаќ, Петрово, Модрича, Услора, Нови Град, составена од градоначалници, советници и административци, претставници на 3 развојни агенции и две министерства. Целта на оваа посета е запознавање на делегацијата со позитивните искуства на Пелагонискиот регион во областа на регионалниот развој. Делегацијата во Македонија ќе биде до 3 септември, а ќе посети неколку општини како Прилеп, Битола Ресен.

Прочитај повеќе...
 
Заврши проектот проектот „Англиски јазик – Прозорец кон светот“
31.08.2010.
Прочитај повеќе...

Градоначалникот  Ристески додели седумдесет и седум сертификати за успешно завршен курс по англиски јазик, дел од проектот  „Англиски јазик – Прозорец кон светот“. Овој проект кој имаше за цел надоградба на знаењето по странски јазици на тема „Англиски јазик – Прозорец кон светот“ го реализираше Младинска мултикултурна заедница во соработка со општина Прилеп и делумна финансиска поддршка од Советот на општина Прилеп.

Прочитај повеќе...
 
Пуштен во употреба Инфо центарот
30.08.2010.
Прочитај повеќе...

Со изложба на уметнички дела од ликовната колонија „Че – Арт 2009“ беше означен стартот на работа на Инфо центарот во Прилеп. Локацијата на овој центар, кој нуди туристички информации за културно - историските знаменитости како и културните манифестации е во центарот на градот, во рамките на електронските реклами. Наменената на овој центар е да се услужат туристите кои го посетуваат Прилеп. Покрај промотивните материјали кои им ги нуди на туристите во рамките на истиот има и туристички водич кој на организирани туристички релации на барање на туристите поблиску ќе ги запознае со културно – историските знаменитости.

Прочитај повеќе...
 
О.У. „Добре Јованоски“ со нов лик
25.08.2010.
Прочитај повеќе...

На неколку дена пред почетокот на новата школска година привршуваат обемните градежни активности за санации, реконструкции и помали зафати кои имаат за цел подобрување на условите за изведувањето на наставата како за учениците така и за наставниот кадар во прилепските основни и средни училишта. Градоначалникот Марјан Ристески денеска го посети О.У. „Добре Јованоски“ во населбата Тризла каде настава покрај македонските деца посетуваат и ученици од ромска националност. Тоа  долга низа години важеше како училиште со можеби најлоши услови сега има сосема нов лик и такаречи е целосно реновирано:

Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 16 од 212

ИНФОРМАТОР Бр.3

inf3.png

ИНФОРМАТОР Бр.2

Кликнете за да го превземете информаторот
defektulicno.jpg
rnda.jpg

Е-информатор