Skip to content
Дома
Се реновира пазарот Испечати Е-пошта
27.07.2010.
IMG_3697.JPG

Продолжуваат активностите за реконструкција на градскиот Пазар. Во тек е поплочувањето на  уште 2200 квадратни метри од пазарот и покривањето. Напоредно со овие активности ЈКП,, Пазари,, ќе гради пазар за големопродажба на земјоделски и други производи. За овие зафти Пазари парите ги обезбедуват преку револвинг кредит, за кој виза даде општинскиот Совет.

IMG_3698.JPG

-  Просторот за големопродажба  кај сточниот Пазар, ќе биде со површина од 4000 квадратни метри. Ќе го користат продавачите на зелени производи на  големо, превозниците со огревни дрва, песок, вар, за стари автоделови, за автопазар... Со овој потег ќе се растовари централното градско подрачје од продавачи со приколки. Во изградбата на просторот инвестираме еден милион денари - вели Пецо Димоски, диркетор на ЈКП,, Пазари,,. Еден милион денари   се за покривање на незавршениот дел од градскиот пазар. Со останатите пари ќе се реновира управната зграда. - Правиме се за да ги подобриме условите за пазарџиите , но и за купувачите. Пазарот ќе функционира според хасап стандардите - посочува градоначалникот Ристески.  За користење на просторот за големопродажба  превозниците ќе плаќаат по 3300 денари, а не како порано по 600-700 денари за едно влегување и излегување. Ова одлука е со виза на општинскиот Совет. ,,Пазари,, ќе стопанисуваат и со просторот во центарот на градот,  зад меморијалниот музеј ,,11 Октомври,, на кој ќе се продаваат ракотворби и сувенири.

IMG_3699.JPG
IMG_3700.JPG
IMG_3701.JPG
IMG_3702.JPG
IMG_3704.JPG
IMG_3707.JPG

 

 
< Претходно   Следно >

ИНФОРМАТОР Бр.3

inf3.png

ИНФОРМАТОР Бр.2

Кликнете за да го превземете информаторот
defektulicno.jpg
rnda.jpg

Е-информатор