Успешно заврши проектот за реконструкција на водоводната
мрежа тежок десет милиони евра
што ЈКП,, ВИК,, го реализираше со поддршка на КФВ банката од Германија. Изразувајќи
им благодарност на претставниците од банката, директорот на ,,ВиК,, Сашко Николоски
рече дека реконструкцијата на водоводната
мрежа траела 16 месеци, успешно завршила, како и целиот проект кој се споведувал
од 2006 година.
- Нашето претпријатие прерасна во моќно, модерно и технолошки
опремено претпријатие. Со реализацијата на проектот најголемата придобивка ја имаат
граѓаните. Реконструирани се над 50 километри водоводна мрежа, поставени се 22 илјади
водомери, изградена е хлорна станица, водоснабдувањето се врши преку системи за
далечинско управување, сменети се затворачите, набавени се возила. Изградени се
хидрофорни станици во населбата Точила, со што е решен повеќегодишниот проблем со
снабдувањето со вода на жителите од овие згради - рече Николоски. Градоначалникот
Марјан Ристески посочи дека проектот се реализирал со поддршка на Германската Влада,
на Владата на Р. Макеоднија и КФВ банката. - Прилеп сега има најдобро водоснабдување.
ЈКП е пример за комунално претпријатие на Балкнаот. Овој проект, најголем во земјата,
придонесе Прилеп да биде ставен на сиви картата
за иневститорите. Многу значи за одобрување и спроведување на други проекти. Саледната
инвестиција е изградбата на пречистителната станица - рече Ристески. Задоволни од
соработката и до КФВ банката. - Проектот со прилепкото водоводно прептпријатие е успешна
приказана за реализирање на заеднички проект, но не и крај на воспоставеното пријателство.
Квалитетната реализација на проектот придонесе да се чуе во европски рамки за Прилеп.
Тоа е добро ехо- рече Хајке Шварцел, проектен менаџер на КФВ банка. Во знак на благодарност
директорот Сашко Николоски на претставниците на КФВ банка им подари икони со ликот
на светецот Св. Никола, заштитникот на Прилеп.
|
|
|