Skip to content
Дома
Спектакуларен осми по ред „Фестивал на пиво 2010“ Испечати Е-пошта
19.07.2010.

prva.jpgСпектакуларно завршни осмиот по ред Фестивал на пивото 2010. За тоа се погрижи српската ѕвезда Светлана Цеца Ражњатовиќ, која одржа едноиполчасовен концерт, пеејќи ги своите големи хитови какоГроме мој Маскарада и други.... Од градоначалникот Марјан Ристески големата балканска ѕвезда доби подарок икебана со 101 ружа и икона со ликот на Св. Никола, заштитникот на градот. Воедно на Цеца Св.Никола и бил домашна слава. Фестивал на пивото 2010 годинава ги сруши сите рекорди. Стана најдобрата не прилепска, македонска туку и балканска труристичка манифестација. Изминатите денови во Прилеп престојуваа гости од целата земја, од Србија, Бугарија.

vtora.JPGСамо Цеца собра над 130 илјади посетители кои се забавуваа пиејќи пиво и вкусувајќи скара. Прилеп сите 4 дена беше десетинација за добронамерниците. Последниот ден во градот влегоа 24 илјади возила, а сите 4 дена престојуваа над 330 илјади псоетители.  Испиени беа 239 тони пиво, изедени 123 тони скара. Прилеп влезе во европската карта на фестивалски градови. Докажавме дека можеме  да организираме вакви настани. Се поставија нови  рекорди за една културна и забавна манифестација за историјата на Македонија. Прилеп беше центар на Балканот - рече градоначалникот Марјан Ристески. На осмиот Фестивал на пивото 2010  покрај вкусната скара можеше да се вкуси месо од ној на жар. Атракција беше и надлетувањето на балон со корпа за поглед на забавата од птичја перспектива, имаше капење во пиво, бикини парти , танчерки , ориентални танци. За забавата покрај Цеца беа задолжени "Суперхикс", Елена Ристеска, Ламбе Алабакоски, Влатко Лозановски, Даниела Враниќ , Жаре Бербер, "Ареа", Слаткар, Сузана Спасовка, Есма Реџепова, орегстар "Гуча", Влатко Илиевски, "Трета димензија" и други.

Сите слики можете да ги погледнете во ФОТО-ГАЛЕРИЈАТА .

DSCF0031 - Copy.JPG  DSCF0032 - Copy.JPG  DSCF0047.JPG 
DSC_0062.jpg  DSC_0331.JPG   

 

Последно ажурирање ( 21.07.2010. )
 
< Претходно   Следно >

ИНФОРМАТОР Бр.3

inf3.png

ИНФОРМАТОР Бр.2

Кликнете за да го превземете информаторот
defektulicno.jpg
rnda.jpg

Е-информатор