|
Пуштени во употреба пет новоасфалтирали улици во Урбаните заедници „Вишне“ и „Рид“ |
|
|
|
14.07.2010. |
Интензивно се работи на подобрување на инфраструктурата
во градот.
Локалната самоуправа започна со поставување а нов слој
асфалт се со цел подобрување на одвивањето на сообраќајот а воедно и
подобрување на условите за живеење за граѓаните на општина Прилеп. Во
У.З. „Вишне“ со ново асфалтен слој
покријани се улиците: „Коле Неделкоски“ на површина од 800 м2 во должина од
170м и финасиска конструкција за реализација на овој инфраструктурен зафат од
осумстотини илјади денари, „Крушевска“ со должина од 220м и површина од 1300м2
за чија реализација потрошени се еден милион денари, „Душко Наумоски“ со
должина од 210м и површина од 1000м2 и фнансиска конструкција од шестотини
илјади денари и улицата „Крсте П.Мисирков“ со должина од 110м на површина од
700м2 за чија реализација Локалната самоуправа одвои петстотини илјади денари.
Вкупно во оваа Урбана заедница поставен е нов асфалтен
слој со должина од 710м на површина од 3800м2 за чија реализација општина
Прилеп издвои средства во висина од три милиони денари. Исто така нов асфалтен
слој е поставен на улицата „Кирили Иван Петровиќ“ во Урбаната заедница „Рид“,
со должина од 250м, на површина од 1300м2 за чија реализација Локалната
самоуправа издвои средства во висина од еден милион денари. Ваквата активност
на локалната самоупрва во насока на подобрување на локалната патна
инфраструктура продолжува и понатаму со асфлтирање на нови улици.
|