|
Штафетата од „Трката за светска хармонија“ пристигна во Прилеп |
|
|
|
13.07.2010. |
Интернационалниот тим на маратонци кои се поддржувачи на
Трката за светска хармонија, денес во центарот на Прилеп остварија средба со
претседателот на Советот на општина Прилеп, Димитар Стевананџија.
Претседателот на Советот, Стевананџија, ја поздрави
манифестацијата која има за цел промоција на интернационално пријателство и
хармонија.
Симболично како и секаде штафетата која ја носеа
маратонците, а е симбол на среќа и хармонија, која била во рацете на познати
светски имиња, му беше предадена на претседателот на Советот на општина Прилеп,
Димитар Стевананџија.
Трката за светска хармонија се трча штафетно со запален
факел кој промовира интернационално пријателство и разбирање. Како и секоја
година има неколку интернационални тимови кои трчаат во повеќе од 100 земји во
светот. Македонија е дел од европската маршута и ќе бидат претрчани 500 км, а
посетени 15 општини меѓу кои и нашата општина. Соорганизатори на штафетната трка
во Македонија се Сојузот на спортови, Атлетска федерација и други невладини
организации. Самата штафетна трка не е од натпреварувачки карактер. Составена е
од интернационален тим на маратонци кои трчаат низ цела Eвропа
и еден македонски тим кој ќе ги придружува низ Македонија.
|