|
По повод Фестивалот на пивото посебен режим на одвивање на сообраќајот и паркинг просторот |
|
|
|
12.07.2010. |
По повод Фестивалот на пивото кој ќе се одржува од 15 до
18 јули во центарот на Прилеп, во насока на намалување на сообраќајниот метеж,
кој би можел да се појави поради најавата за присуство на голем број
посетители, направен е посебен режим за одвивање на сообраќајот и просторот за
паркирање на автомобили. Според
информациите од општина Прилеп, централнотот градско подрачје ќе биде забрането
за сообраќај, а централните улици во градското подрачје ќе бидат искористени
како алтернативен простор за паркирање на кои ќе се остави простор за
еднонасочен проток на сообраќај.
Заради потребите од обезбедување на паркинг простор како
алтернатива ќе се користат и дворовите на ОУ “Кире Гаврилоски„, ОУ „Гоце
Делчев“, ОУ „Рампо Левката“ како и слободниот простор пред Соколаната и
просторот на „Економскиот Факултет“. Според
елаборатот кој го изготвија ЈППУП и МВР – Полициска станица – Прилеп во нашиот
град ќе се обезбедат дополнителни 6.000 паркинг простори.
|