|
О.У „Кире Гаврилоски“ со нова фасада |
|
|
|
26.01.2010. |
|
Завршени се градежните активности околу фарбањето на фасадата на О.У „Кире Гаврилоски“. Ова
основно училиште се исфарба со колоритни, разиграни бои со што се зголеми
впечатливоста на училишната зграда. Градоначалникот Ристески, при денешната
посета на ова основно училиште истакна дека за реализација на овој проект
Локалната самоуправа издвоила средства
во висина од еден милион и петстотини илјади денари.
Како наредни проекти кои престојат за реализација во ова
училиште се поставување на парно греење, изградба на парк во празниот простор
позади училиштето и се разбира изградба на спортска сала преку проектот на
Владата и Министерството за образование и наука. Директорот,
Николче Кузевски смета дека со фарбањето на фасадата со живи и колоритни бои
ова училиште ќе се направи поудобен простор за престој на децата кои посетуваат
настава во оваа исто. Во знак на благодарност за
подобрувањето на условите за изведување на наставата учениците од ова училиште
приредија пригодна програма.
|
|
Последно ажурирање ( 27.01.2010. )
|