|
Прилепчанецот Филип Стрезоски го „фати“ светиот крст |
|
|
|
20.01.2010. |
Филип Стрезоски е најсреќниот меѓу четириесетте
прилепчани кои скокнаа по светиот крст во осветените води од базенот на хотелот
„Сонце Г.А.“. 21- годишниот Филип вели дека одамна
имал голема желба, пред се заради неговата огромна верба кон Бога, да скокне по
светиот крст. Во согласност со традицијата и
православната христијанска вера, Локалната самоуправа и градоначалникот
Ристески за Стрезоски и за останатите учесници во овој свет настан, обезбедија
богати пригодни награди.
Традиционално како и секоја година градоначалникот
Ристески присуствуваше на осветувањето на водите и фрлањето на светиот крст во
селата Мало и Големо Коњари и Тополчани. Во Мало
Коњари најсреќен беше дваесет годишниот Бобан Кукуноски, во Големо Коњари
Николче Божиноски, а во Тополчани петнаесет годишниот христијан Христијан
Шиклески кој покрај останатите пријавени учесници го фати крстот во водите на
Црна река.
|