Skip to content
Дома
Презентација на активностите на Н.У Завод и Музеј – Прилеп Испечати Е-пошта
20.01.2010.

Novootkrienata bazilika vo Zrze.jpgМермерни глави, керамички садови од Стибера, разни алати, натпис од Зрзе, беа дел од предметите кои беа изложени во витрини на презентацијата на активностите на Завод и Музеј – Прилеп. Раководителите на проектите, во присуство на градоначалникот Марјан Ристески, ги претставија археолошките истражувања на двата капитални проекти Стибера, кај Чепигово и Зрзе. На презентацијата која ја водеше директорката Гордана Данаилоска Спироска беше потенцирано дека овие два капитални проекти остануваат и понатаму во фокусот на интересот на Владата на Р.Македонија која и годинава ќе оддели значителни средства за понатамошните ископувања.

 

zrze 1.JPGСтибера е значаен археолошки локалитет кој датира од крајот на трети век пред наша ера до четврти век од наша ера. Во него досега се откриени бројни мермерни статуи, скулптури, мармерна пластика, керамички садови, меѓу кои и неколку објекти како храмот на божицата Тихе и Гимназионот. И Зрзе годинава откри нови податоци за постоењето на монашкото братство. Потврдено е дека во четврти век на овој простор имало ранохристијанска базилика, а бил пронајден и гроб на анонимен маченик. Во двегодишните истражувања откриени се педесет монашки ќелии, работилници и други наоди кои говорат дека Зрзе бил центар на монаштвото на Балканот. Од Завод и Музеј најавуваат дека и годинава продолжуваат со изтражувања на двата локалитета. Градоначалникот Ристески истакна дека овие локалитети се ставени на туристичката мапа на Прилеп. Покрај овие два проекти од Завод и Музеј за тековната година истакнаа дека до Министерството за Култура имаат аплицирано околу триесеттина проекти. Во текот на оваа година ќе се заврши и изготвувањето на проект за санација на Саат Кулата, проект за санација на Участакот и валоризација на Старата чаршија.

IMG_1436.jpg  IMG_1437.jpg  IMG_1439.jpg 
IMG_1440.jpg  IMG_1441.jpg  IMG_1443.jpg 
IMG_1447.jpg  IMG_1452.jpg  IMG_1453.jpg 
IMG_1456.jpg  IMG_1457.jpg  IMG_1458.jpg 
IMG_1467.jpg  IMG_7047.jpg  posledna.jpg 

 

Последно ажурирање ( 20.01.2010. )
 
< Претходно   Следно >

ИНФОРМАТОР Бр.3

inf3.png

ИНФОРМАТОР Бр.2

Кликнете за да го превземете информаторот
defektulicno.jpg
rnda.jpg

Е-информатор