|
Градоначалникот Ристески посети десетина коледарски огнови |
|
|
|
11.01.2010. |
Прилепчани традиционално и оваа година го прославија
Коледе со палање на големи огнови во своите маала и традиционална посна трпеза. Градоначалникот
Ристески традиционално како и секоја година по повод Коледе покрај огнот во
сопственотот маало посети уште неколку градски маала каде што се прославува
Коледе, како и огновите во околните села. Градоначалникот
Ристески покрај големите огнови наздрави со присутните коледари им ги честита
празниците и им посака многу здравје, среќа и успешна и плодна година.
|