|
Градоначалникот Ристески по повод Новата година посети две прилепски семејства |
|
|
|
30.12.2009. |
По повод новогодишните празници градоначалникот Ристески
го посети седум членото семејство
Алиоски, во населбата Тризла да им ги честита престојните празници. Повод на
посетата беше добротворна донација од страна на Локалната самоуправа која се
состоеше од облека, играчки и празнични подароци за најмладите члнови на ова
семејство.Ова седум члено семејство живее во лоши социјални услови, па затоа
решивме да ги посетиме и барем малку да им ја разубавиме Новата година истакна
градоначалникот Ристески.
Исто така градоначалникот Ристески го посети шест членото
семејство Митреви, кое живее во населбата Жабино малоо. Заедно
со Дедо Мраз, градоначалникот Ристески им ја честита Новата година на членовите
на ова семејство а најмладите ги израдува со пригодни новогодишни поклони.
|