Висина на надоместокот за уредување на градежното земјиште и негова распределба
19.02.2009.
Појдовната големина за
пресметување на надоместокот за уредување на градежното земјиште се утврдува со
Програмата за уредување на градежното земјиште.
Пресметувањето на надоместокот
за уредување на градежното земјиште ќе се врши по 1м2 нето корисна површина
според важечките технички нормативи согласно член 6 од Правилникот за степенот
на уреденост на градежното земјиште и начинот на пресметување на трошоците за
уредување на градежното земјиште според степенот на уреденост (Сл.весник
80/2001 и 85/2001).