Градоначалникот Јованоски присуствуваше на традиционалната средба на пензионерите од Тризла

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, денеска присуствуваше на средбата на пензионерите од населбата “Тризла” којашто се организира секоја година по повод Денот на ослободувањето на Прилеп, 3-ти Ноември.

На оваа традиционална средба пензионерите од населбата „Тризла“ се дружат помеѓу себе, се забавуваат, разговараат, се потсетуваат на својата младост и на таков начин полесно ги поминуваат деновите од т.н. трето доба.

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, им вети на пензионерите засилена соработка со Општина Прилеп..

Јованоски истакна дека Локалната самоуправа е отворена за сите идеи и сугестии на пензионерите и потенцираше дека во иднина сите нивни приоритети и проблеми ќе бидат заеднички решавани.