Градоначалникот Јованоски присустуваше на одбележување на празникот Преподобна Параскева-Петковден

По повод големиот христијански празник „Преподобна Параскева-Петковден„ градоначалникот Илија Јованоски заедно со членовите на новиот Совет на општина Прилеп, денеска беше присутен на утринска литургија во црквата Св. Петка во населбата Точила. Градоначалникот, којшто пред сe’ на литургијата присуствуваше како граѓанин и верник, во одговор на прашање од присутните медиуми, го честиташе празникот и посака многу здравје и среќа и истиот да се празнува многу години.
„Сакам на сите православни граѓани да им го честитам денешниот празник „Петковден“, здравје пред се’, радост, љубов во сите домови. Знаете дека Прилеп и прилепчани имаат обичај и традиција да ги празнуваат и чествуваат овие слави и со векови наназад тоа го прават, а истите се пренесуваат и на идните генерации како трајни семејни вредности“, посочи градоначалникот Јованоски во одговорот на новинарско прашање.
Иатовремено, градоначалникот Јованоски истакна и тоа дека ќе продолжи со изградба на цркви и параклиси во градот и населените места, а на новинарско прашање дали и која слава ја слави Градоначалникот одговори дека во неговиот дом се слави „Св. Никола“ истата слава која ја празнува и градот Прилеп.

Видете и...

Градоначалникот Јованоски на сите православни христијани им го честита празникот Богојавление – Водици

Со желби за многу здравје, љубов и среќа, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, на …