Градоначалникот Јованоски оствари средба со постојаниот координатор на ОН Луиза Винтон

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска оствари средба со Луиза Винтон, постојан координатор на ОН и постојан преставник на Програма за развој на Обединети Нации (УНДП) во Република Македонија.

На средбата се разговараше за можностите за идна соработка, и за сферите во коишто може да се реализираат идни проекти помеѓу Општина Прилеп и УНДП, со цел да се подобри квалитетот на животот на граѓаните.

Градоначалникот Јованоски потенцираше дека Општина Прилеп е отворена за соработка со ОН и УНДП и дека ќе ја поддржи реализацијата на сите проекти што се во интерес на граѓаните во општината.

Видете и...

Во Прилеп одбележан – Светскиот ден на прегратката

„21 јануари“ е Светскиот ден на прегратката. По тој повод, денеска во просториите на градската …