Градоначалникот Јованоски ќе оствари средба со претставници на Здружението на граѓани со дијабет

По повод Светскиот ден на дијабетот, градоначалникот Илија Јованоски утре ќе оствари средба со членови на здружението на граѓани со дијабет „Светлост за нас“, со цел да ги чуе нивните проблеми и активности.

Од здружението велат дека оваа болест е во постојан подем, особено кај младите луѓе. Според информациите околу 3960 граѓани од Прилеп, и двете рурални општини Кривогаштани и Долнени боледуваат од  дијабет.

Во рамките на акцијата „Здравје за сите“, екипи на Здравствен дом од Прилеп утре ќе вршат бесплатно мерење на шеќер во крвта, од 10 до 12 часот, пред кафе барот „Ди Каприо“ на плоштадот „Методија Андонов Ченто“. Кон акцијата се приклучува и здружението на граѓани со дијабет и „Лајонс“ клубот од Прилеп.

Светскиот ден на дијабетот е промовиран од Светска организација за борба против дијабетот (IDF) и Светската здравствена организација (СЗО) во 1991 година, како одговор на загриженоста поради ескалацијата на дијабетот во целиот свет.

Светскиот ден на дијабетот се празнува секоја година на 14 ноември, а датумот е избран, поради тоа што го одбележува роденденот на д-р Фредерик Бантинг, којшто заедно со д-р Чарлс Бест е заслужен за откривањето на инсулинот во 1921 година.

Видете и...

Продолжува проектот „Бањско климатска рекреација на корисници на пензија“

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Фондот на пензиско и инвалидско осигурување …