Градоначалникот Јованоски го посети Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

По повод новогодишните празници градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски,  претседателот на Совет на Општина Прилеп, Миле Талески и пратеникот во Собранието на Р. Македонија Хари Локвенец, денеска го посетија Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“.

Јованоски на родителите и дечињата кои го посетуваат овој центар им ги честиташе претстојните празници и им подари новогодишни пакетчиња.

Центарот „Порака“ постои веќе 51 година, а 3 години функционира и како социјален клуб во просториите на старата општинска зграда. Него го посетуваат 20 лица со посебни потреби кои имаат над 18 години.

На средбата беше разговарано и за можноста во најскоро време Општина Прилеп на ова здружение да му обезбеди поголем простор за да можат него да го посетуваат уште плус 40 лица со посебни потреби.

Советникот во Советот на Општина Прилеп, Еленче Ташкоска, денеска ги посети посебните паралелки во ООУ „Климент Охридски“ на кои им ги честиташе празниците, а во име на Општина Прилеп на дечињата им беа поделени новогодишни пакетчиња.