Градоначалникот Јованоски го отвори 16-тиот Меѓународен џудо турнир

Градот под марковите кули викендов беше домаќин на 16-тиот по ред Меѓународниот џудо турнир „Прилеп опен“ во организација на Џудо клубот Пролетер. Градоначалникот Илија Јованоски свечено го отвори турнирот на кој зедоа учество, учесници од повеќе држави од соседството како и од нашата држава.
„Денеска сум почестен да бидам дел од овој традиционален турнир во џудо во Прилеп. Особено ме радува фактот на убавите спомени со овој клуб бидејќи токму пред 20 години јас бев активен уесник како доктор во овој клуб и се грижев за тогашните спортисти и џудисти кои се денес спортски работници ширум државата. Се надевам дека во иднина и сега од позиција на Градоначалник дека не само џудистите туку и сите спортски настани на меѓународни и државни нивоа ќе имаат посебно место кај мене“, истакна градоначалникот Јованоски.

„Денеска имаме 21 екипа, учесници од Србија, Косово, Грција, Бугарија. Се надевам дека овој настан во иднина ќе прерасне во една врвна манифестација на нашиот град“ посочи Славе Димитриоски тренер на џудо клубот „Пролетер“.

Домаќините ги заслужија сите епитети за извонредната организација, а нивниот влог вложи со плод и на татамите, каде беа целосно доминантни и освоија 11 медали од 18 натпреварувачи (2 златни, 2 сребрени и 7 бронзени ).